Vrabotuvanje.com - Специјалист за трансппорт и логистика - Скопје - АВИЦЕНА Дијагностика
Podijeli
Tweet
Podijeli
Pošalji prijatelju

Специјалист за трансппорт и логистика

Скопје

Rok prijave:

  • АВИЦЕНА Дијагностика

Сакате да станете дел од Авицена?

Авицена Дијагностика, основана во 1991 год. е водечка компанија во дејноста на промоција и продажба на висококвалитетни дијагностички тестови, реагенси, опрема и лабораториски материјал од сите области на клиничката лабораториска медицина.

Нашите принципи на дејствување говорат за исклучителна грижа за корисниците во чекор со најиновативните практики и барања на пазарот.

Стимулација на креативноста на вработените, иницијативност и одговорност кон квалитет и врвна професионалност во секојдневното реализирање се НАШ ПРИОРИТЕТ во развој на човечките ресурси и нивна подготовка за заедничка иднина.

Доколку сакаш да си дел од иднината на Авицена Дијагностика, придружи се во тимот со аплицирање на отворена работна позиција за:

СПЕЦИЈАЛИСТ ЗА ТРАНСПОРТ И ЛОГИСТИКА
(1 извршител)

 Услови што се бараат за вршење на работата:​

  • ВСС (општествени науки ќе се сметаат за предност)
  • Задолжително познавање на англиски јазик- напредно ниво
  • Основно познавање на архивско работење (ќе се смета за предност)
  • Разбирање и користење на програми во пакетот MS Office
  • Со или без работно искуство

 Потребни вештини:

  • Одговорност и самоиницијативност на високо ниво
  • Почитување на инструкции и процедури за работа
  • Прецизност и навремена евиденција на документација при работењето
  • Multi – tasking и динамичност, прилагодливост на разни ситуации
  • Одлични комуникациски, аналитички и организациски способности
  • Координација и фокус на детали

 НАПОМЕНА:

АВИЦЕНА ДОО Скопје сите апликации за вработување ќе ги третира како строго доверливи. Согласно Законот за заштита на личните податоци со самото доставување на Вашата апликација за работа, согласни сте Вашите лични податоци да бидат користени во процесот на регрутација и селекција на кадри во компанијата, кое гарантира дека освен за наведената цел Вашите лични податоци нема да бидат користени за ниту една друга цел, ниту пак достапни на трети лица и воедно напоменуваме дека сите апликации ќе бидат чувани 12 месеци, сметано од денот на нивниот прием, освен во случај кога апликанотот писмено ќе побара истите да бидат избришани пред истек на утврдениот рок.

 Краток опис на работните обврски:

  • Процесирање нарачки кон и од странство, увози и извози, секојдневна комуникација со странски партнери, како и локална шпедитерска фирма
  • Водење осигурителни полиси за недвижности, возен парк, опрема и.т.н
  • Координација и евиденција на набавки за потребите на компанијата (основни средства, канцелариски материјал, храна и пијалоци и останато согласно потребите)
  • Организација на патувања во странство и во земјата за поединци и поголеми групи
  • Исплата на готовина за неделни трошоци на вработените
  • Водење архивска книга

Работно време- од понедленик до петок од 08:00- 16:00 часот. Работната недела трае 5 (пет) работни дена.

Доколку сте заинтересирани да станете дел од нашиот тим, Ве молиме доставете ја вашата професионална биографија на e-mail: kariera@avicena.com.mk со назнака “За оглас за специјалист за транспорт и логистика или на ул. ,,1551” бр. 5Б, Индустриска зона Визбегово, Скопје, во рок од 10 (десет) дена од денот на објавување на овој оглас, односно најдоцна до 30.03.2025 година.

Изборот за соодветен кандидат ќе се врши во рок од :

  • доколку се пријавиле до 200 кандидати за едно работно место, изборот се врши во рок од 45 дена,
  • од 201 до 500 кандидати за едно работно место, изборот се врши во рок од 90 дена и
  • над 500 кандидати за едно работно место, изборот се врши во рок од 120 дена, по истекот на рокот за пријавување.

 

 
 
 
Kärcher
Brza prijava
Pošalji prijatelju Isprintaj

USPOREDITE SVOJU PLAĆU

Prosječna plaća u kategoriji
Skladištenje i logistika iznosi 25.063 MKD.

Saznaj plaću za željenu poziciju prema svojim kvalifikacijama!

Kreni

Vrabotuvanje.com.mk koristi kolačiće (eng. cookies) kako bi vam pružio bolje korisničko iskustvo. Nastavkom pregleda stranice slažete se sa korištenjem kolačića. Više o tome možete pročitati ovdje