Директор на малопродажба – супервизор за работа на бензински пумпи
Скопје
Rok prijave:
- Gulf Oil
Поради понатамошен развој и зголемен обем на работата во Компанијата, објавуваме оглас за:
ДИРЕКТОР ЗА МАЛОПРОДАЖБА – Супервизор за работа на бензински пумпи
Основни одговорности и задачи:
- Одговорен за унапредување,развој и поддршка на функционирањето на бензинските пумпи на компанијата низ Државата;
- Гарантира ефикасна контрола на работењето, зголемување на продуктивноста и остварување на поставените цели;
- Соработува и е одговорен за тимот за кој е назначен и контрола на неговата работа. (Раководители на бензиски пумпи, вработени на бензиски пумпи, менаџирање, оценка на нивно работење, регрутирање, унапредување, казнување и наградаување);
- Активности на терен и во канцеларија, правење анализи, извештаи и планирање, и градење на долгорочен развој на постоечките бензиски пумпи и подготовка на анализи, извештаи и регрутирања на нови вработени при отворање на нови бензиски пумпи;
- Надзор над материјално – финанскиско работење на бензиските пумпи, правење на редовни пописи, утврдување на залихи, контрола над финансиски извештаи и дневни промети;
- Комуникација со добавувачи на производи за продажба на пумпа, склучување на договори и давање насоки за продажба, изложување и рекламирање на производи од определени добавувачи;
- Надзор, контрола и комуникација со раководители на бензиски пумпи за поседување на потребна документација, обезбедување на потребни документи на бензиски пумпи (извештаи, анализи, записници).
Потребни квалификации:
- Високо образование – предност ќе имаат кандидатите со економски или сроден факултет;
- Претходно работно искуство на иста или слична позиција од 5 (пет) години ќе се смета за предност;
- Активно познавање на странски јазици;
- Активно познавање на Microsoft Office (Excel, Word, Power Point)
- Возачка дозвола Б категорија.
Личен профил:
- Одговорна и организирана личност;
- Високо изразени лидерски вештини;
- Одлични комуникациски и организациски вештини;
- Прецизност, аналитичност и ориентираност кон резултати;
- Лојалност и професионален пристап кон работата;
- Иницијативност, посветеност и амбициозност;
- Колегијалност и работа во тим;
- Висок личен интегритет и деловна култура;
Доколку сакате да бидете дел од нашата компанија, Ве молиме испратете ни го Вашето CV со назнака Директор за малопродажба преку полето Брза апликација.
Напомена: Во согласност со законот за заштита на лични податоци со самото испраќање на Вашата апликација согласни сте вашите податоци да се чуваат, обработуваат и користат исклучиво за целите на регрутација и селекција.
USPOREDITE SVOJU PLAĆU
Prosječna plaća u kategoriji
Pravo iznosi 23.814 MKD.
Saznaj plaću za željenu poziciju prema svojim kvalifikacijama!