 (1).png)
ManpowerGroup е глобален иновативен лидер во областа на вработувањето, обезбедувајќи услуги и решенија за управување со работната сила за клиенти и помагајќи им на луѓето во нивниот кариерен развој, со цел подобро разбирање на потребите на клиентите и кандидатите во динамичниот свет на трудот.
Во име на наш реномиран клиент од секторот на производство, бараме квалификуван кандидат за позицијата:
РАБОТНИК ВО фабрика
Локација: Канфанар (Р.Хрватска)
Вид на работен однос: Договор на определено време (со пробен период од 3 месеци)
Работно време: Полно работно време, работа во три смени
оПИС НА РАБОТНОТО МЕСТО:
- Тимска работа и прилагодување на производните околности.
- Работа на доделените машини и опрема според работните процедури и упатства.
- Предавање и преземање на смените, администрација на документацијата.
- Учество во одржување и повремено сервисирање на опремата.
- Одговорност за спроведување на производствениот план.
- Чистење на машините според планот за чистење.
- Континуирано усовршување на знаењето за работата на машините.
- Анализа на клучните показатели за успешност (KPI).
- Придржување до еколошките политики на компанијата.
- Дејствување како амбасадор на BAT кон службени страни.
- Иницирање подобрувања во процесите и зголемување на ефикасноста.
Барани Квалификации:
- Средно стручно образование (техничка насока – предност).
- Искуство во производство (предност, но не е задолжително).
- Прецизност, одговорност и педантност.
- Способност за откривање и решавање на проблеми со машините.
- Основно познавање на англиски јазик (А1 ниво).
- Возачка дозвола (обезбеден превоз од Пула, Ровинј и Пазин).
Работни услови:
Работа во 3 смени:
- Прва смена: 07:00 – 15:00
- Втора смена: 15:00 – 23:00
- Трета смена: 23:00 – 07:00
Плата и бенефиции: 1.048,00 EUR (бруто)
Додатоци:
- 25% зголеменa саатница за попладневна смена
- 50% зголеменa саатница за ноќна смена
- Месечен бонус до 10% (во зависност од остварените цели)
- Годишен бонус до 14% од годишната плата
- Обезбеден топол оброк во фабрички ресторан
- Божиќница 300,00 EUR (нето)
- Рекреативен додаток 300,00 EUR (нето)
- Подарок за деца (до 15 години) 130,00 EUR (нето)
- Дополнително здравствено осигурување
- Организиран превоз во сите три смени или платени патни трошоци (0,22 EUR/km)
- Обезбедена целосна компензација за преселување
Доколку сте одговорна и посветена личност со желба за работа во динамично производно опкружување, аплицирајте веднаш!