Vrabotuvanje.com - Манипулант – општ работник - Скопје - Скопје - МАКПЕТРОЛ АД
Podijeli
Tweet
Podijeli
Pošalji prijatelju

Манипулант – општ работник - Скопје

Скопје

Rok prijave:

  • МАКПЕТРОЛ АД

Врз основа на членот 22 став 1 точка 1 и став 2, членот 23 став 1, 2, и 7 од Законот за работните односи, „Макпетрол“ А.Д. - Скопје распишува

О Г Л А С

За вработување на 1 (еден) работник на определено време од 5 (пет) месеци, на работно место манипулант – општ работник во Скопје – работна единица (склад Илинден) во Дирекција за големопродажба.


Кандидатите треба да ги исполнуваат следниве услови:

  • Завршено основно или повисок степен на образование;
  • Со или без работно искуство.

Работното време за горенаведеното работно место, се одвива во смени.

Неделното работно време изнесува 40 часа, од понеделник до сабота.

Основната нето плата за горенаведеното работно место изнесува 30.000 денари.

Работата во смени, ноќната работа, работата за време на неработни денови или на денови на празници и прекувремената работа, се платени согласно Законот за работните односи и подзаконските акти.

Заинтересираните кандидати треба да достават:

  • Писмо за мотивација
  • Кратка биографија
  • Копија од диплома за завршено образование
  • Препорака од претходен работодавач (доколку поседува)
  • Уверение од кривична евиденција

Потребните документи да се достават на адреса:
„Макпетрол“ А.Д. - Скопје
Сектор за човечки ресурси
ул. „Св. Кирил и Методиј“ бр.4 – Скопје

лице за контакт: Јана Момировска
телефон за контакт: 02/3146-532

По истекот на рокот за поднесување на потребните документи, со кандидатите кои ги исполнуваат бараните услови, ќе биде спроведено интервју за вработување.

Изборот на пријавените кандидати ќе се изврши во рок од 45, 90 или 120 дена по истекот на рокот на пријавувањето, во зависност од бројот на пријавените кандидати, а согласно членот 23 став 2 од Законот за работните односи.

Кандидатите кои нема да достават целосна документација, апликациите што ќе бидат доставени преку e-mail, како и апликациите што ќе бидат примени по истекот на крајниот рок, нема да бидат земени предвид.


„МАКПЕТРОЛ“ А.Д. - СКОПЈЕ
Pošalji prijatelju Isprintaj

USPOREDITE SVOJU PLAĆU

Prosječna plaća u kategoriji
Instalacije, održavanje i popravci iznosi 24.722 MKD.

Saznaj plaću za željenu poziciju prema svojim kvalifikacijama!

Kreni

Vrabotuvanje.com.mk koristi kolačiće (eng. cookies) kako bi vam pružio bolje korisničko iskustvo. Nastavkom pregleda stranice slažete se sa korištenjem kolačića. Više o tome možete pročitati ovdje