
Хауз Мајстор Плус Дооел Скопје како компанија со долгогодишно искуство во областа на управување и одржување на станбени и деловни објекти, професионални услуги за хигиена и хаусмајсторски работи, има потреба за вработување на
ДИПЛОМИРАН ПРАВНИК ВО СЕКТОРОТ ЗА ЧР И ПРАВНИ РАБОТИ
Опис на работно место:
Вработениот ќе ги има следниве работни одговорности:
- Анализа, изработка и ревидирање на сите видови правни акти за потребите на Друштвото;
- Усогласување на работењето од правен аспект според законската регулатива која се однесува на делокругот на работа на Друштвото;
- Следење на законите и соодветна изработка или корекција на правните акти во согласност со дејноста на Друштвото и делот на домување;
- Поддршка на останатите сектори во Друштвото во делот на компетенциите за правна помош;
- Изработка на дописи, акти и сите видови извештаи потребни пред надлежните институции;
- Одговорен за непречено одвивање на сите оперативни процеси во Друштвото
- Селекција и регрутација на кандидати за вработување и објава на огласи;
- Изработка на документација потребна за процес на вработување и пријави и одјави на вработени;
- Изработка на документација за вработени (решенија, потврди, одлуки и др.);
- Координација на процеси поврзани со правните работи и човечките ресурси во Друштвото;
- Изработка на договори и интерни правни акти;
- Комуникација и соработка со надворешни соработници, клиенти, адвокатски друштва, нотари и извршители;
- Изработка на интерни политики, процедури и одлуки.
Критериуми за работно место:
Кандидатот треба да ги исполнува следните критериуми:
- Високо образование – Правен факултет
- Компјутерска писменост и владеење на MS Office пакет програми;
- Познавање на англиски јазик (усна и писмена комуникација);
- Одлични комуникациски вештини;
- Педантност, одговорност и исполнителност;
- Умешност да се работи со голем обем на информации;
- Работа во куси временски рокови;
- Способност за индивидуална и тимска работа.
Доколку сакате да бидете дел од тимот на Хауз Мајстор Плус, аплицирајте преку полето Брза Апликација.