Оперативен менаџер во меѓународен транспорт на стоки
Главни задачи и одговорности:
- Координација на логистика, ускладеност и регулативи, управување со ризик
- Планирање и управување со меѓународни пратки
- Надгледување на шпедиција, царинење и распоред на испорака
- Координација со превозници, шпедитери, царински застапници и добавувачи
- Обезбедување почитување на сите меѓународни трговски регулативи, царински закони и увозно/извозни прописи
- Намалување на ризици поврзани со доцнење, оштетување или загуба на стоката за време на транспортот
- Решавање на проблеми и обезбедување навремена испорака на стоките
- Имплементирање на технологии за подобрување на ефикасноста и точноста во операциите.
Потребни квалификации за работното место:
- ВСС/ССС
- Претходно работно искуство во меѓународен транспорт
- Познавање на царински процедури и меѓународни трговски закони
- Развиени компјутерски вештини и одлично познавање на MS Office
- Одлично познавање на англискиот јазик
- Одлични организациски вештини и способност за одредување приоритет
- Одлични комуникациски и преговарачки вештини
- Самоиницијативен, снаодлив и тимски работник
- Аналитички способности, упорност и енергичност
- Професионален и позитивен однос
- Способност за самостојна и тимска работа, како и работа под притисок
Компанијата нуди:
- Конкурентна плата
- Динамична и стимулативна средина, возбудливи професионални предизвици и работа во инспиративен тим
Заинтересирани апликанти, Ве покануваме да ја доставите вашата апликација преку полето Брза апликација.
Ви благодариме за Вашиот интерес.