Vijest
-
Белград повторно е еден од најзагадените градови во светот!
Само жителите на вториот по големина град во Пакистан, Лахоре и во главниот град на Индија, Њу Делхи, дишат позагаден воздух од жителите на Белград.
-
НЕДВИЖНИНИ, АКЦИИ, ДЕПОЗИТИ: Во што да вложуваат граѓаните во време на криза?
Анкетата покажаа дека македонските граѓани штедат и во време на криза.
-
Во САД дизајнирани патики за коњ
Маркус Флојд, уметник од Кентаки (САД), работи на развој на патики за коњи, како дел од соработката со „Визитлекс“ – туристичка агенција од Лексингтон. „Обувките“ ќе бидат продадени на аукција за собирање средства за добротворни цели, на 12-ти ноември.
-
Дали догодина ќе поскапат и туристичките аранжмани?!
Хотелиерите на охридско-струшката ривиера веќе преговараат со странските тур-оператори за поскапи аранжмани за следното лето. Велат дека актуелната ситуација со високите сметки за струја и драстичниот пораст на цените на прехранбените производи го прават нивното работење со постоечките цени нерентабилно.
-
Намален бројот на работници во индустријата!
Бројот на работниците во индустријата во периодот јануари – септември 2022 година во однос на истиот период лани е намален за 1,5 проценти, додека во септември 2022 година во однос на септември 2021 бележи пад од 0,4 отсто.
-
Нова цена на горивата: Убава вест за оние кои возат на дизел!
Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Северна Македонија донесе Одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,16% во однос на одлуката од 28.10.2022 година.
-
Плати до 34.000 денари: Последен ден за аплицирање во Цементарница УСЈЕ АД Скопје!
3 слободни позиции!
-
Од вторник внимавајте доколку возите низ Австрија, казните се до 5.000 евра!
Австрискиот авто-мото клуб ÖAMTC и австриската служба за патна помош ARBÖ ги предупредуваат возачите на моторни возила дека од 1 ноември во Австрија, според законските прописи, автомобилите во сообраќајот мора да имаат вградени зимски гуми на тркалата. Законодавецот пропишува задолжителна зимска опрема од 1 ноември годинава до 1 април следната година.
-
Дали ќе биде исплатен К-15 оваа година?
Ниту еден работодавач не најавил дека годинава и покрај економско енергетската нема да исплати регрес за годишен одмор, а таква е состојбата и во дел од јавниот сектор, велат од Сојузот на синдикати на Македонија. Во моментот и на околу 1.000 од вкупно 27.000 вработени во јавниот сектор, им легнаа парите за К-15 за 2020 година, се разбира, откако ги добија пресудите по тужбите што ги поднесоа.
-
Обид за измама на македонски корисници на Facebook: За правосмукалка платете само 120 денари!
Фан страна на Facebook се користи за измама на македонски граѓани. „Зделка шопинг“ спонзорира објава според која, за само 120 денари добивате скапа правосмукалка.