Актуелно
Во рубриката актуелно ве информираме за сите новости кои се однесуваат на пазарот на трудот во Македонија и светот. Вработеноста, вработувањето, просечната плата и Законот за работни односи се теми кои редовно ги следиме и за кои секојдневно информираме. Барањето работа ќе ви биде значително полесен процес доколку сте информирани за новостите кои ние ви ги подготвуваме. Вестите за пазарот на трудот се идеални за луѓе кои бараат работа, работодавци, претприемачи и вработени професионалци. Многумина ќе ги интересира и како сме се посрамотиле на работа, дали одиме на работа настинати, дали ја работиме работата што ја сакаме, дали создаваме пријателства на работното место и какви се резултатите од популарните анкети објавени на порталот Vrabotuvanje.com.mk. Информираме и за одредени вести од сферата на економијата и бизнисот, но најважното подрачје за нас останува пазарот на трудот. Тука се и актуелностите од сферата на човечките ресурси, условите за работа и најновите истражувања на порталот Vrabotuvanje.com.mk. Најпопуларни теми се истражувањата за големината на платата, кој е најдобар работодавач во Македонија, дали сакаат македонските работници да работат во странство и останати полесни теми како што се уредност на работа и пиење кафе на работното место.
-
Еден и пол вработен нахранува еден пензионер – може ли системот да го издржи притисокот?
Во услови кога работоспособното население се соочува со голем предизвик да ги финансира пензиите, експертите предупредуваат дека структурните реформи се неопходни за одржливоста на системот.
-
Би платиле ли 10 евра за една ракија и за една шопска салата?
Kафеаните и рестораните во Македонија се соочуваат со значително зголемување на цените, претворајќи ги во симбол на луксуз за многумина.
-
Меѓународниот автобуски превоз пред пропаст – му пресудија ли евтините авионски летови?
Според последните податоци објавени од Државниот завод за статистика, во второто тримесечје од 2024 година, забележано е значително намалување на бројот на превезени патници за 15,1% во споредба со истиот период минатата година.
-
СОНЧЕВО И ТОПЛО СО ТЕМПЕРАТУРИ ДО 36 СТЕПЕНИ - еве какво ќе биде времето за утрешниот празник
Денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност и со слаб до умерен ветер од северен правец. Попладне претежно во северозападните планински подрачја ќе има услови за краткотраен дожд и ретки грмежи.
-
Објавена голема прогноза за зимата
Ппрогнозата за зимата 2024/2025 година, укажува на влијание на слаба фаза на Ла Ниња и поблаг поларен вител.
-
И оваа година ниту еден македонски Универзитет не се најде на Шангајската листа
Ниту еден македонски Универзитет не се најде меѓу првите 1000 на рангирањето на најдобрите Универзитети во Светот, или позната како „Шангајска листа“.
-
НАСА одлучи: Двајцата астронаути заглавени во вселената од јуни ќе се вратат дома дури во февруари
НАСА одлучи да го врати вселенското летало „Старлaјнер“ на „Боинг“ на Земјата без астронаутите Буч Вилмор и Сунита Вилијамс, кои моментално се заглавени во Меѓународната вселенска станица.
-
СЛОВЕНЦИТЕ НА ВРВОТ, МАКЕДОНЦИТЕ НА ДНОТО: Ова се просечните плати во регионот
Словенците заработуваат најмногу, а Македонците најмалку во регионот. Највисока просечна плата во регионот имаат работниците во Словенија, а најниска во Босна и Херцеговина и Северна Македонија, се наведува во анализата на агенцијата Анадолија.
-
Убава вест за скенирачите на фискални сметки
Управата за јавни приходи извести дека денес се генерираат налози за отпочнување на исплатата на парите од „Мој ДДВ“.
-
ГОРИВАТА ПАК ПОЕВТИНУВААТ: Еве по која цена ќе се продаваат по полноќ
Бензините од ноќеска на полноќ поевтинуваат за половина денар по литар, а цената на дизел горивата останува иста, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ). Со одлуката се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,74 отсто.