Актуелно
Во рубриката актуелно ве информираме за сите новости кои се однесуваат на пазарот на трудот во Македонија и светот. Вработеноста, вработувањето, просечната плата и Законот за работни односи се теми кои редовно ги следиме и за кои секојдневно информираме. Барањето работа ќе ви биде значително полесен процес доколку сте информирани за новостите кои ние ви ги подготвуваме. Вестите за пазарот на трудот се идеални за луѓе кои бараат работа, работодавци, претприемачи и вработени професионалци. Многумина ќе ги интересира и како сме се посрамотиле на работа, дали одиме на работа настинати, дали ја работиме работата што ја сакаме, дали создаваме пријателства на работното место и какви се резултатите од популарните анкети објавени на порталот Vrabotuvanje.com.mk. Информираме и за одредени вести од сферата на економијата и бизнисот, но најважното подрачје за нас останува пазарот на трудот. Тука се и актуелностите од сферата на човечките ресурси, условите за работа и најновите истражувања на порталот Vrabotuvanje.com.mk. Најпопуларни теми се истражувањата за големината на платата, кој е најдобар работодавач во Македонија, дали сакаат македонските работници да работат во странство и останати полесни теми како што се уредност на работа и пиење кафе на работното место.
-
Падна светски рекорд - таксист буквално „одра“ турист во Сплит, за 5 километри му наплатил 209 евра
Најновиот случај од Сплит кој ја шокираше јавноста покажува како тамошните таксисти не престануваат да изненадуваат кога станува збор за наплаќање на своите услуги.
-
Подгответе се за патување: Скопје и Охрид со нови авионски дестинации во 2025 година
Подгответе се за патување: Шест нови авионски дестинации во 2025 година
-
Есенско будење на пазарот на труд: На Регионалниот саем за вработување остварени над 60.000 апликации на огласите за вработување!
По затишјето во летните месеци, есента носи нов момент на пазарот на трудот, кога многумина повторно бараат можности за професионален развој и напредување во кариерата. Во овој контекст, фокус на сите кои бараат нови деловни предизвици во регионот со години е Регионалниот саем за вработување!
-
На кое место е Македонија на Светскиот индекс на владеење на правото?
На кое место е Македонија на Светскиот индекс на владеење на правото?
-
135 Црногорци живеат и работат во Македонија
Управата за статистика на Црна Гора, ги објави резултатите од пописот спроведен во 2023 година, во кој стои дека во Македонија живеат, работат или се со дозвола за престој 135 Црногорци.
-
Од сите земји во Југоисточна Европа најмногу млади луѓе од Македонија, 42.67 отсто сакаат да ја напуштат државата
Истражување на „Фондацијата Фридрих Еберт“покажа дека од сите земји во Југоисточна Европа, најмногу млади луѓе од Македонија, 42,67 отсто од нив, изразиле желба да ја напуштат земјата поради лошиот социјален, животен и економски стандард и услови.
-
Да уживаме во убавото време додека сѐ уште можеме – ноември ќе ги покаже забите!
Според најновите излези на прогностичките модели, и тоа на двата најажурни модели, Европскиот модел (ECMWF), како и на Глобалниот модел (GFS), до самиот крај на овој месец продолжува стабилното, суво и сончево време со натпросечно високи температури на воздухот преку ден, но наутро останува релативно студено и со појава на магла и на ниска облачност по одделни котлини, прогнозира Славчо Попоски.
-
Околу 250 илјади жени во државава се домаќинки, додека се увезуваат работници
Жените трошат трипати повеќе време за домашните обврски од мажот.
-
ГРАЃАНИТЕ КУПУВААТ СТАР ЛЕБ: Го даваат на домашните миленици или поради сиромаштија мораат да штедат?
Во повеќето пекарници посебно во помалите градови велат дека постои пракса дел од граѓаните да купуваат стар леб. Така е со години. Објаснуваат дека дел од населението овој леб го набавува за домашните миленици, но има и такви кои поради сиромаштија се принудени да штедат и купуваат вчерашен леб.
-
Како кредитите го менуваат животот на младите во Македонија?
Кредитите, некогаш замислени како луксуз, сега станаа неизбежна реалност за многу млади луѓе во Македонија.