Актуелно
Во рубриката актуелно ве информираме за сите новости кои се однесуваат на пазарот на трудот во Македонија и светот. Вработеноста, вработувањето, просечната плата и Законот за работни односи се теми кои редовно ги следиме и за кои секојдневно информираме. Барањето работа ќе ви биде значително полесен процес доколку сте информирани за новостите кои ние ви ги подготвуваме. Вестите за пазарот на трудот се идеални за луѓе кои бараат работа, работодавци, претприемачи и вработени професионалци. Многумина ќе ги интересира и како сме се посрамотиле на работа, дали одиме на работа настинати, дали ја работиме работата што ја сакаме, дали создаваме пријателства на работното место и какви се резултатите од популарните анкети објавени на порталот Vrabotuvanje.com.mk. Информираме и за одредени вести од сферата на економијата и бизнисот, но најважното подрачје за нас останува пазарот на трудот. Тука се и актуелностите од сферата на човечките ресурси, условите за работа и најновите истражувања на порталот Vrabotuvanje.com.mk. Најпопуларни теми се истражувањата за големината на платата, кој е најдобар работодавач во Македонија, дали сакаат македонските работници да работат во странство и останати полесни теми како што се уредност на работа и пиење кафе на работното место.
-
КОНЕЧНО ДОБРА ВЕСТ: Луфтханза вработува 10.000 нови работници! За огласот можете да се пријавите ТУКА
Откако Луфтханза укина голем број работни места минатата година, особено во администрацијата, сега сакаат да ангажираат повеќе од 2.000 стјуардеси, повеќе од 1.400 копнен персонал за копнени операции и околу 1.300 технички експерти.
-
БРАШНО, МАСЛО, КОНЗЕРВИ: Жителите на планинските села си имаат залихи за долга и снежна зима
Брашно, сол, шеќер, масло за јадење, конзервирана храна се залихите кои жителите на планинските села ги набавуваат уште во есенските месеци, со цел да бидат спремни во случај на долга и снежна зима. Оваа навика ја имаат со години. Додека времето е убаво, се спуштаат во градовите и купуваат храна. Периодов, повеќе села во земјава се завеани и отсечени од цивилизацијата.
-
Како да ја вратите енергијата по празниците?
Празниците се време на радост, релаксација и вкусна храна, но често оставаат чувство на тежина. Претерувањето со храна, слатки, алкохол и нередовно спиење може да доведе до надуеност, замор и лошо расположение.
-
Знаете ли кога треба да ја раскитите новогодишната елка? Луѓето што ја оставаат до февруари не си прават никаква услуга!
Еве кои непишани правила треба да се почитуваат кога станува збор за новогодишната елка
-
Зошто Македонија увезува производи кои може сама да ги произведува?
Во последните години, Македонија сè почесто увезува производи кои традиционално ги произведувала сама.
-
Бизнисмени без лични карти: Малолетници во Србија се сопственици на 179 фирми
Во Србија се регистрирани 138.000 трговски друштва. Интересно е што во 179 од нив, сопственици на дел или целото претпријатие се лица кои немаат ниту лична карта. До сопственост најчесто доаѓаат преку наследство, а првите самостојни одлуки ги донесуваат дури кога ќе наполнат 18 години. Тогаш стекнуваат целосна деловна способност и, според истражувањето на Инфостуд, сè почесто се одлучуваат да запливаат во претприемачки води.
-
Дебели казни за Дубаи чоколадото што го излуде светот па и Македонија: Еве каде се казнува и зошто
Како што пренесуваат германските медиуми, судиите во две забрзани постапки одлучиле дека терминот „Дубаи чоколадо“ ги доведува во заблуда потрошувачите.
-
Вевчанци ги покажаа овогодинешните маски на традиционалниот карневал
Стотици вевчанци на температури околу нулата вчера попладне ги презентираа своите маски на традиционалниот Вевчански карневал кој се организира за празникот Св. Василиј, односно Василица.
-
Аеродромот „Хитроу“ руши рекорди, опслужил 83,9 милиони патници минатата година
Лондонски Хитроу, најпрометниот аеродром во Европа, минатата година опслужил рекордни 83,9 милиони патници, што е за 4,7 милиони повеќе од претходната година, односно шест отсто повеќе од 2023 година и три милиони или четири отсто повеќе од претходниот годишен рекорд поставен во 2019 година.
-
Овој град беше најдобрата „city break“ дестинација за 2024 година: Европа доминираше во туризмот минатата година
Во Европа се наоѓаат дури 63 од 100-те најдобри туристички дестинации во светот, барем кога станува збор за градови и „сити-брејк“ дестинации.