Актуелно
Во рубриката актуелно ве информираме за сите новости кои се однесуваат на пазарот на трудот во Македонија и светот. Вработеноста, вработувањето, просечната плата и Законот за работни односи се теми кои редовно ги следиме и за кои секојдневно информираме. Барањето работа ќе ви биде значително полесен процес доколку сте информирани за новостите кои ние ви ги подготвуваме. Вестите за пазарот на трудот се идеални за луѓе кои бараат работа, работодавци, претприемачи и вработени професионалци. Многумина ќе ги интересира и како сме се посрамотиле на работа, дали одиме на работа настинати, дали ја работиме работата што ја сакаме, дали создаваме пријателства на работното место и какви се резултатите од популарните анкети објавени на порталот Vrabotuvanje.com.mk. Информираме и за одредени вести од сферата на економијата и бизнисот, но најважното подрачје за нас останува пазарот на трудот. Тука се и актуелностите од сферата на човечките ресурси, условите за работа и најновите истражувања на порталот Vrabotuvanje.com.mk. Најпопуларни теми се истражувањата за големината на платата, кој е најдобар работодавач во Македонија, дали сакаат македонските работници да работат во странство и останати полесни теми како што се уредност на работа и пиење кафе на работното место.
-
Колкава плата е потребна за добар живот во европските метрополи?
Добрата плата може многу да варира во зависност од професијата, образованието и личните очекувања на поединецот. „Euronews Business“ подетално го разгледува она што ја прави добрата плата во главните европски метрополи
-
„Му побарале 200 евра за оброк кој чинел 800 денари“ – време е да се формира туристичка полиција?
Македонија, земја со богато културно наследство и природни убавини, се соочува со сериозен проблем кој го загрозува туристичкиот сектор.
-
Договор за партнерство помеѓу Нелт СТ и УНИЦЕФ
На 06.09 во Скопје, со потпишување на договорот за партнерство и официјално беше означен почетокот на соработката помеѓу компанијата Нелт и УНИЦЕФ на пазарот на Северна Македонија. Иницијативата ќе биде насочена кон подобрување на вештините на учениците од стручното образование преку практична настава, со фокус на развој на зелени вештини и нивна соодветна подготовка за пазарот на трудот.
-
Потешко е купувањето грозје од правењето вино и ракија – еве колку чини килограм
Луѓето кои имаат навика секоја година сами да си произведуваат ракија и вино овојпат се соочуваат со нов предизвик – недостиг на грозје на пазарот.
-
ХРАНАТА ШТО СМЕ ЈА ПРОИЗВЕЛЕ ТРЕБА ДА ИМА КОМУ ДА ЈА ПРОДАДЕМЕ: Земјоделците чувствуваат последици oд иселувањето
Дека има помалку народ во државата и дека иселувањето не запира, чувствуваат и земјоделците кои редовно одат на пазарите. Тие велат дека за разлика од порано, кога брзо успевале да ги продадат производите, сега има денови кога тешко им оди. Објаснуваат дека структурата на населението се менува, ама и навиките. Во градовите има помалку млади луѓе за разлика од порано, и сметаат дека младите генерации денес поретко прават зимници. Пензионерите пак се со скромни примања и го купуваат најосновното.
-
Нашите работници почнаа да одат на печалба во Албанија, платата на инженер – 3 000 евра
Освен во Хрватска, Словенија, Србија, младите од Македонија почнаа да одат на печалба и во Албанија, каде што платата на електроинженер достигнува и до 3 000 евра.
-
Добра вест за нашинците во Германија – расте минималната саатница
Со најновите промени во економската политика, македонските граѓани кои работат во Германија можат да очекуваат значително подобрување на својата финансиска состојба.
-
За три дена во Кавадарци се испиле над 27 тони вино
Жедна нација!
-
Ќе има ограничени цени за над 100 прехранбени производи!
Граѓаните веќе се истрошени и велат дека мора час поскоро да се превземат мерки.
-
Се нормализира железничкиот сообраќај по еднодневниот штрајк на машиновозачите
По еднодневен прекин на сообраќајот на возовите во земјава поради штрајкот на машиновозачите, попладнево во 14:30 часот со повторно пуштање во сообраќај на возот Скопје – Битола преку Велес и Прилеп повторно е воспоставен железничкиот сообраќај во земјава, информираат за МИА од Железничката станица Велес.