Актуелно
Во рубриката актуелно ве информираме за сите новости кои се однесуваат на пазарот на трудот во Македонија и светот. Вработеноста, вработувањето, просечната плата и Законот за работни односи се теми кои редовно ги следиме и за кои секојдневно информираме. Барањето работа ќе ви биде значително полесен процес доколку сте информирани за новостите кои ние ви ги подготвуваме. Вестите за пазарот на трудот се идеални за луѓе кои бараат работа, работодавци, претприемачи и вработени професионалци. Многумина ќе ги интересира и како сме се посрамотиле на работа, дали одиме на работа настинати, дали ја работиме работата што ја сакаме, дали создаваме пријателства на работното место и какви се резултатите од популарните анкети објавени на порталот Vrabotuvanje.com.mk. Информираме и за одредени вести од сферата на економијата и бизнисот, но најважното подрачје за нас останува пазарот на трудот. Тука се и актуелностите од сферата на човечките ресурси, условите за работа и најновите истражувања на порталот Vrabotuvanje.com.mk. Најпопуларни теми се истражувањата за големината на платата, кој е најдобар работодавач во Македонија, дали сакаат македонските работници да работат во странство и останати полесни теми како што се уредност на работа и пиење кафе на работното место.
-
На скопскиот аеродром слета првиот авион на Трансавија од Амстердам
ТАВ Македонија, подружница на ТАВ Аеродроми, членка на Групацијата АДП, вчера на 2-ри март 2025 година во 21 часот го пречека првиот лет на холанската авиокомпанија Трансавиа, на Меѓународниот Аеродром Скопје, со што се означи воведувањето на новата авиолинија Амстердам-Скопје-Амстердам.
-
Од понеделник ќе „пука“ сонце, темеператури до 22 степени
Од понеделник не чека драстична промена на времето. Управата за хидрометеролошки работи прогнозира стабилно и сончево време.
-
Тешки времиња за „Масерати“: Ќе опстане ли луксузниот автомобилски бренд?
Оваа одлука доаѓа во момент кога Масерати се соочува со сериозни финансиски предизвици. Во првото полугодие од 2024 година, продажбата падна за 58%, а приходот беше намален за 50%, со оперативна загуба од 82 милиони евра
-
Прочка – Денес и небото ѝ простува на земјата, а човекот му простува на човека
Православните христијани денес го слават празникот Прочка, кога луѓето си проштеваат едни на други, за да ги остават и гревовите со оставањето на мрсната храна, а во постот да се воздржуваат и од гревовноста.
-
Утре почнува големиот Велигденски пост - правила кои мора да ги следите доколку постите
Од понеделник, ден после Прочка, почнува Велигденскиот пост посветен за подготовка и во чест и спомен на Воскресението на нашиот Господ и Спасител Исус Христос.
-
Гастрономскиот туризам сè попопуларен: Луѓето сакаат да истражуваат и да пробуваат специјалитети од различни кујни
Гастрономскиот туризам претставува уникатен спој на патувања, култура и гастрономија, бидејќи храната не е само основна потреба, туку и средство за запознавање со нови места, обичаи и традиции.
-
Кои се најдобрите дестинации за соло патувања во 2025 година?
Нов извештај на приватната луксузна агенција за водени тури Kensington ги рангираше најдобрите дестинации за соло патувања во 2025 година. Ова рангирање се заснова на податоци од високоплатежни патници од 2024 година и две дополнителни истражувања спроведени од Opinium Research и Dig Insight.
-
Издржете денеска: Од утре времето ќе биде како пролет
Времето денеска ќе биде променливо облачно, наутро по одделни котлини со услови за појава на магла. Во текот на денот ќе има врнежи од дожд, наместа пообилни (до 15 l/m2).
-
Поразителна статистика за Македонија: Сè помалку новороденчиња, сè повеќе разводи
Бројот на живородени деца во четвртото тримесечје од 2024 година, во споредба со истиот период од 2023 година, е намален за 4,2 проценти и изнесува 3.968 живородени деца.
-
Минималната плата во март ќе биде 24.000 денари, Синдикатот бара да се покачи до 30.000
Висината на минималната плата не може да биде пониска од 57 отсто од висината на просечно исплатената нето-плата во државата, велат синдикалистите.