Актуелно
Во рубриката актуелно ве информираме за сите новости кои се однесуваат на пазарот на трудот во Македонија и светот. Вработеноста, вработувањето, просечната плата и Законот за работни односи се теми кои редовно ги следиме и за кои секојдневно информираме. Барањето работа ќе ви биде значително полесен процес доколку сте информирани за новостите кои ние ви ги подготвуваме. Вестите за пазарот на трудот се идеални за луѓе кои бараат работа, работодавци, претприемачи и вработени професионалци. Многумина ќе ги интересира и како сме се посрамотиле на работа, дали одиме на работа настинати, дали ја работиме работата што ја сакаме, дали создаваме пријателства на работното место и какви се резултатите од популарните анкети објавени на порталот Vrabotuvanje.com.mk. Информираме и за одредени вести од сферата на економијата и бизнисот, но најважното подрачје за нас останува пазарот на трудот. Тука се и актуелностите од сферата на човечките ресурси, условите за работа и најновите истражувања на порталот Vrabotuvanje.com.mk. Најпопуларни теми се истражувањата за големината на платата, кој е најдобар работодавач во Македонија, дали сакаат македонските работници да работат во странство и останати полесни теми како што се уредност на работа и пиење кафе на работното место.
-
Колку е тешко да се вратиш од Австралија во Македонија?
Животот на македонските иселеници во Австралија често е приказна за успех, но и за носталгија.
-
Соларниот парк „Стипион“ меѓу Штип и Свети Николе ќе произведува струја за цел еден град
Изградбата на соларниот парк „Стипион“ кај Штип, ќе произведува струја за цел еден град, а со тоа ќе придонесе за намалување на увозот на електрична енергија. Соларниот парк, ќе биде најголем во земјите од Западен Балкан, а треба да го гради француската компанија АКУО.
-
83.000 работници сè уште без плата за јануари – три и пол пати повеќе од лани
Речиси 83.000 вработени во Македонија сè уште не ја добиле јануарската плата, што е три и пол пати повеќе во споредба со истиот период минатата година, покажуваат податоците на Управата за јавни приходи (УЈП), пренесува „Сител“.
-
Ниту „Apple“ ниту „Samsung“: Ова е најтенкиот телефон на светот
„Tecno“ го претстави најтенкиот паметен телефон во светот – „Spark Slim“ – на Светскиот конгрес за мобилни телефони во Барселона.
-
Благ пад на стапката на невработеност во ЕУ во јануари
Евростат проценува дека во ЕУ во јануари 2025 година имало невработени 12,824 милиони луѓе, од кои 10,655 милиони во еврозоната.
-
Вистинската жена од Статуата на слободата: По кого беше моделирана?
Можеби мислите дека Лејди Либерти е само генерички модел на жена која држи факел, но од самиот почеток, нејзиниот творец, скулпторот Фредерик Огист Бартолди, имал визија за неговата статуа. И како и повеќето уметнички дела, всушност имаше неколку лични и креативни влијанија кои влијаеја на тоа како изгледаше Статуата на слободата кога беше завршена.
-
Тајната на економскиот просперитет на оваа земја: Високи плати, кратко работно време и пет недели одмор
Како и другите скандинавски земји, Данска се издвојува по високиот животен стандард, развиениот систем за социјално осигурување и општото чувство на задоволство кај населението.
-
Поскапуваат билетите за траект во омилената дестинација на Македонците: Од први мај ќе се плаќа повеќе за овој превоз во Грција
Цените на фериботите во Грција од 1 мај ќе се зголемат за 12 до 15 отсто, се вели во соопштението на Грчката асоцијација на компании за превоз на патници (SEEN).
-
Следните три дена посебен режим на сообраќај во Скопје
СВР Скопје ги известува граѓаните на Скопје дека од 05.03.2025 до 07.03.2025 (среда, четврток и петок) поради официјална посета на претседателот на Собранието на Република Хрватска Гордан Јандроковиќ, Единицата за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот по сообраќајниците на поширокото централно подрачје на град Скопје.
-
Битка за термостатот – колкава треба да ни биде температурата во домот и во канцеларија?
Пронаоѓањето на идеалната внатрешна температура е од суштинско значење за одржување на добро здравје, но сепак не постои универзален одговор за тоа колку таа треба да изнесува.