Занимливости
Занимливости – најчудната работа, најтешката работа, најлудите причини за отказ се темите за интересни статии и неверојатни приказни кои имаат за цел да ги опуштат сите кои бараат работа, а истите ја претставуваат другата страна на пазарот на трудот. Во Индонезија доставуваат мајчино млеко, во САД даваат отказ поради пакување со чипс, а некои луѓе заработуваат така што собираат измет. Овде можете да дознаете и кој е најдобриот работодавач во светот, кога вработуваат светски познатите компании и славните личности и кои се најплатени професии. Пазарот на трудот, регрутирањето и барањето работа имаат и своја смешна страна, а работодавачите и колегите на работа не мора да бидат секогаш сериозни. Lifestyle истражувањата и текстови кои ви помагаат да го тренирате својот мозок и меморија се дел од нашите адути за рубриката занимсливости бидејќи тоа се вести кои сите сакаме да ги читаме. Обработуваме и теми кои се поврзани со здравјето, интересни деловни обичаи и проекти. Прочитајте и кои се најнеудобните ситуации на работа и голем број на вести од светот кои се толку бизарни што моравме да ги сместиме во занимливости. Тука се наоѓаат и интересни професионални совети и примери што да облечете за на првиот разговор за работа, како да се однесувате на деловните забави, одење со велосипед на работа или најболното прашање за сите љубители на животни: како да ја задржите работата и кучето во исто време. Занимливостите се наменети за сите деловни луѓе кои бараат работа или се досадуваат на работа. Насмејте се со бизарните и чудните вести од светот и Македонија.
-
Ова се најплатени инфлуенсери на Instagram
Маркетинг платформата Hoppеr HQ направи листа на најплатени инфлуенсери на Instagram
-
Зошто пенкалото и хартијата се подобри за нас од тастатурата?
Развојот на технологијата овозможи тастатурата речиси целосно да ги замени хартијата и пенкалото. Сепак, колку што развојот на технологијата направи некои работи полесни и побрзи, има и лоши ефекти од развојот.
-
Што точно значи „IP“ рејтингот на вашиот телефон и колку е водоотпорен?
Што навистина значат изразите „отпорен на вода“, „отпорен на прскање“ или „отпорен на прашина“?
-
Jазици кои најмногу ги претпочитаат работодавците
Една работа во барањето на работодавците, корона криза не го промени – јазиците што вработените мора да ги зборуваат. Според анализата на специјализирани светски портали, познавањето странски јазици кои обезбедуваат можност за работа не е променето во последните, најмалку пет, шест години. Тие секако се англиски, германски, француски, португалски и кинески.
-
5 најбарани професии кои би можеле да доминираат во 2021 година
Кога започна короната минатата пролет, од ден на ден гледавме како се менува светот пред нашите очи. Сега, кога ситуацијата е многу постабилна, некои промени остануваат трајни.
-
Зошто вработените во Гугл ги испраќаат своите деца во училиште без компјутери?
Една од причините што родителите кои работат во дигиталната индустрија избираат училиште со мала или никаква технологија за своето дете е тоа што ваквите училишта ги учат децата на вештините за иновативно размислување што им се потребни на многу работодавци
-
Отпуштање од работа за оние што не сакаат да се вакцинираат во Русија
Среде третиот бран на епидемија на коронавирус во Русија властите вложуваат многу напори да ги убедат граѓаните да се вакцинираат. Во последниве недели, имаше голем скок на бројот на заразени и починати, пред се во Москва и Санкт Петербург.
-
Клима-уред во автомобилот кога има дете?
Возењето автомобил налето може да биде вистински предизвик, ако внатре возите мали деца или бебиња. Како што температурите растат, бараме решенија за разладување, па често посегнуваме и по клима-уредот во автомобилите. Но, има неколку работи за тоа коишто треба да се имаат предвид…
-
Станот на Бата Живојиновиќ на Врачар се продава за 240.000 €
Се продава станот на Велимир Бата Живојиновиќ од 102 квадратни метри во улицата Пожаревачка во Белград.
-
Хакери извршија напад на стотици фирми ширум светот, бараат 70 милиони долари
Хакери кои оневозможиле стотици компании ширум светот, бараат 70 милиони долари за ослободување на блокираните податоци.