Занимливости
Занимливости – најчудната работа, најтешката работа, најлудите причини за отказ се темите за интересни статии и неверојатни приказни кои имаат за цел да ги опуштат сите кои бараат работа, а истите ја претставуваат другата страна на пазарот на трудот. Во Индонезија доставуваат мајчино млеко, во САД даваат отказ поради пакување со чипс, а некои луѓе заработуваат така што собираат измет. Овде можете да дознаете и кој е најдобриот работодавач во светот, кога вработуваат светски познатите компании и славните личности и кои се најплатени професии. Пазарот на трудот, регрутирањето и барањето работа имаат и своја смешна страна, а работодавачите и колегите на работа не мора да бидат секогаш сериозни. Lifestyle истражувањата и текстови кои ви помагаат да го тренирате својот мозок и меморија се дел од нашите адути за рубриката занимсливости бидејќи тоа се вести кои сите сакаме да ги читаме. Обработуваме и теми кои се поврзани со здравјето, интересни деловни обичаи и проекти. Прочитајте и кои се најнеудобните ситуации на работа и голем број на вести од светот кои се толку бизарни што моравме да ги сместиме во занимливости. Тука се наоѓаат и интересни професионални совети и примери што да облечете за на првиот разговор за работа, како да се однесувате на деловните забави, одење со велосипед на работа или најболното прашање за сите љубители на животни: како да ја задржите работата и кучето во исто време. Занимливостите се наменети за сите деловни луѓе кои бараат работа или се досадуваат на работа. Насмејте се со бизарните и чудните вести од светот и Македонија.
-
Хит оглас за работа: Дали сте подготвени да гледате Нетфликс и да јадете пица за 400 евра месечно?
Цел ден лежите, а вашата обврска е да гледате серија на Нетфликс и да јадете пица и за сето тоа да добиете месечна плата. Звучи нереално, нели? Па не е измислица бидејќи една американска компанија бара некој што ќе ги рангира тв сериите на Нетфликс, како и доставената пица.
-
Ќе ви биде од корист да знаете: За што служат копчињата од F1 до F12 на тастатурата
Компјутерите станаа нераскинлив дел од нашето секојдневние, но и неизоставен дел од работата на скоро сите професионалци.
-
Ова се најважните датуми во 2021 година: Тие носат можност за напредување и големи животни промени!
Добро искористете ја наклонетоста на ѕвездите!
-
Откриена супстанца што го поправа скршениот екран на мобилниот телефон
Супстанцата е добиена од состојка која сите ја имаме дома
-
Начинот на кој го држите мобилниот телефон го открива вашиот карактер!
Научниците истражувале како луѓето ги држат своите телефони и што тоа значи за нивниот карактер.
-
Проверете колку луѓе во светот имаат исто име и презиме како вас!
Дали ве интересира колку луѓе во светот се викаат како вас? Оваа кул апликација ќе ви открие сè!
-
ДАЛИ ЗНАЕТЕ: Што значи белиот дел во облик на полумесец на крајот на ноктот?
Белата структура во облик на полумесец, е основниот дел на ноктот. Се нарекува лунула што на латински значи „мала месечина“. Тоа е исклучително чувствителен дел на ноктот, а неговата улога и тоа како е сериозна и важна
-
Старбакс планира да отвори 22.000 кафулиња ширум светот до 2030 година
Иако веќе има голем број на кафулиња низ целиот свет, Старбакс планира да отвори уште 22.000 во следните десет години.
-
Ова е единственото место во светот каде не слушнале за Ковид-19
Атолот Куре во Тихиот океан во рамките на северозападните хавајски острови може да биде последното место во светот што „чуло“ за пандемијата на коронавирусот.
-
Македонците треба да работат 76 дена за да купат Ајфон, граѓаните на Лихтенштајн само три
Ако заработувате просечна плата во Македонија потребни ви се 76 дена за да можете да го купите најновиот модел на „Ајфон“, покажува „Ајфон индексот“ на компанијата „Веривокс“ која пресметува колку труд им е потребен на државјаните на секоја земја во Европа за да го купат еден од најпопуларните технолошки гаџети во својата земја.