Занимливости
Занимливости – најчудната работа, најтешката работа, најлудите причини за отказ се темите за интересни статии и неверојатни приказни кои имаат за цел да ги опуштат сите кои бараат работа, а истите ја претставуваат другата страна на пазарот на трудот. Во Индонезија доставуваат мајчино млеко, во САД даваат отказ поради пакување со чипс, а некои луѓе заработуваат така што собираат измет. Овде можете да дознаете и кој е најдобриот работодавач во светот, кога вработуваат светски познатите компании и славните личности и кои се најплатени професии. Пазарот на трудот, регрутирањето и барањето работа имаат и своја смешна страна, а работодавачите и колегите на работа не мора да бидат секогаш сериозни. Lifestyle истражувањата и текстови кои ви помагаат да го тренирате својот мозок и меморија се дел од нашите адути за рубриката занимсливости бидејќи тоа се вести кои сите сакаме да ги читаме. Обработуваме и теми кои се поврзани со здравјето, интересни деловни обичаи и проекти. Прочитајте и кои се најнеудобните ситуации на работа и голем број на вести од светот кои се толку бизарни што моравме да ги сместиме во занимливости. Тука се наоѓаат и интересни професионални совети и примери што да облечете за на првиот разговор за работа, како да се однесувате на деловните забави, одење со велосипед на работа или најболното прашање за сите љубители на животни: како да ја задржите работата и кучето во исто време. Занимливостите се наменети за сите деловни луѓе кои бараат работа или се досадуваат на работа. Насмејте се со бизарните и чудните вести од светот и Македонија.
-
Откриен е 13-ти хороскопски знак: Дали токму вие сте Змијоносец?
Една стара блог објава на НАСА стана вирален хит оваа недела и ги вознемири бројните корисници на социјалните мрежи. Имено, во тој пост се твди дека е откриен 13-ти хороскопски знак кој може да ги помести сите датуми што биле поврзани со одредени знаци, а со тоа да го смени и нашиот хороскопски знак.
-
ПСИХОЛОШКИ ТЕСТ: Колку животни гледате на сликата?
Оптичките илузии се секогаш изненадувачки и можат да се најдат во слики, анимирани филмови, па дури и кај животни кои се камуфлираат за да се скријат од опасност.
-
Бесплатни летувања, ноќевања, 3.000 долари: На кој начин земјите повторно привлекуваат туристи
Откако државите ширум светот ги затворија своите граници пред неколку месеци, многумина од нас фантазираат за сите места што ќе ги посетат кога конечно ќе дојде крајот на пандемијата.
-
Пристигнуваат нови емотикони: Еве како ќе изгледаат
Apple ќе претстави нови, интересни емотикони за корисниците на нивните уреди.
-
Познатиот германски бренд за автомобили има ново лого
Досегашното лого какво што го знаеме, е во оптек од 1963 година, неколку пати е редизајнирано, и претрпе значителни промени во 1987 година, а последната промена пред оваа беше пред три години.
-
Трик со кој ќе го освежите воздухот со помош на клима уредот
Топлите денови не можат да се замислат без клима уред. Тој го разладува приватниот и работниот простор и ви овозможува дневните активности да ви поминат полесно, а сонот навечер ви трае подолго и без прекин.
-
Фејсбук и Инстаграм ќе ве предупредуваат да носите маска
Корисниците ќе добијат предупредување и потсетник за заштита од коронавирусот во горниот дел од нивните мобилни екрани.
-
Незаборавна понуда: Барбадос повикува луѓе од целиот свет да дојдат и една година да живеат на островот
Островот Барбадос сака да им ги отстапи своите убави плажи со кристално сина вода на луѓето кои сакаат да работат.
-
Блогер и Гејмер станаа официјални професии во Кина
Матурантите кои започнуваат свој бизнис фокусиран на блогирање и игри отсега ќе бидат класифицирани како вработени.
-
Ова е најмоќниот пасош во светот, со него без виза може да се патува во 191 земја
Најмоќните пасоши во овој момент се јапонските чии сопственици може да патуваат во 191 земја.