Занимливости
Занимливости – најчудната работа, најтешката работа, најлудите причини за отказ се темите за интересни статии и неверојатни приказни кои имаат за цел да ги опуштат сите кои бараат работа, а истите ја претставуваат другата страна на пазарот на трудот. Во Индонезија доставуваат мајчино млеко, во САД даваат отказ поради пакување со чипс, а некои луѓе заработуваат така што собираат измет. Овде можете да дознаете и кој е најдобриот работодавач во светот, кога вработуваат светски познатите компании и славните личности и кои се најплатени професии. Пазарот на трудот, регрутирањето и барањето работа имаат и своја смешна страна, а работодавачите и колегите на работа не мора да бидат секогаш сериозни. Lifestyle истражувањата и текстови кои ви помагаат да го тренирате својот мозок и меморија се дел од нашите адути за рубриката занимсливости бидејќи тоа се вести кои сите сакаме да ги читаме. Обработуваме и теми кои се поврзани со здравјето, интересни деловни обичаи и проекти. Прочитајте и кои се најнеудобните ситуации на работа и голем број на вести од светот кои се толку бизарни што моравме да ги сместиме во занимливости. Тука се наоѓаат и интересни професионални совети и примери што да облечете за на првиот разговор за работа, како да се однесувате на деловните забави, одење со велосипед на работа или најболното прашање за сите љубители на животни: како да ја задржите работата и кучето во исто време. Занимливостите се наменети за сите деловни луѓе кои бараат работа или се досадуваат на работа. Насмејте се со бизарните и чудните вести од светот и Македонија.
-
Остатоците од метеоритoт пронајдени во Пацификот не се од нашиот Сончев Систем
Остатоците од метеорит откриени на дното на Пацификот покажуваат дека оваа небесна карпа можеби имала многу интересна историја.
-
Нов iPhone, нов полнач: Apple ги почитува правилата на ЕУ
Најновиот iPhone на Apple речиси сигурно ќе има USB-C полнач кога ќе биде претставен на 12 септември.
-
Собирач на печурки заработува и до 3.000 евра годишно – вргањот е многу скап, а го има под секоја грмушка
Тежок е животот на село, но затоа, пак, тој живот нуди повеќе можности за заработка. Некој бере дрва в планина и ги продава за огрев, друг сади тутун, трет одгледува добиток и произведува млеко и прави сирење, но сите прават една иста работа: берат печурки во шумата, ги сушат и ги продаваат.
-
Еве во што Бил Гејтс ги вложува своите пари: „Ова е иднината“
Мултимилијардерот Бил Гејтс во поткастот „Unconfuse me“ повторно зборувал за тоа што го нарекол скриено влијание на месото врз околината, а во таа прилика изјавил дека верува дека иднината е во синтетичкото месо.
-
Мапа која ги открива најпопуларните знаменитости во земјите од светот, оваа е одбрана за нашата земја
Најпопуларна знаменитост во нашата држава, според мапата која ја креирала осигурувачката компанија „AllClear“ е Охридското езеро, а претставена е и листа на најдобрите знаменитости од целиот свет.
-
УШТЕ МАЛКУ ОСТАНА ОД ЛЕТОТО, ИСКОРИСТЕТЕ ГО ВРЕМЕТО ЗА НА ПЛАЖА: Сместувачките капацитети ги намалуваат цените
Почна месец септември. Пријатното време граѓаните можат да го искористат за на плажа, а сместувачките капацитети сега нудат нешто пониски цени за разлика од оние во екот на сезоната.
-
За љубителите на непознати и необични дестинации: Остров којшто може да го посетите само еднаш годишно – еве и зошто
На овој остров во половината на 19 век живееле само 30 луѓе, кога целосно бил напуштен поради епидемија на чума.
-
Виена воведе строги правила за тротинетите: Ќе се контролираат како и другите возила
Однесувањето на возачите, паркирањето на електричните тротинети и нивната техничка опременост ќе се контролираат на ист начин како и другите возила.
-
10 најдобри цитати за инвестирање од инвестицискиот гуру Ворен Бафет
Ворен Бафет наполни 93 години на 30 август 2023 година. Долгогодишниот претседател и извршен директор на Беркшир Хатавеј е една од најпочитуваните деловни фигури на нашето време и инспирираше генерации инвеститори со неговата едноставна, прагматична филозофија и извонредно искуство.
-
Град во регионот повторно е меѓу најдобрите во Европа
Еуроњуз направи листа на помалку посетени градови во Европа врз основа на прегледите и гласовите на патниците на социјалните мрежи...