Занимливости
Занимливости – најчудната работа, најтешката работа, најлудите причини за отказ се темите за интересни статии и неверојатни приказни кои имаат за цел да ги опуштат сите кои бараат работа, а истите ја претставуваат другата страна на пазарот на трудот. Во Индонезија доставуваат мајчино млеко, во САД даваат отказ поради пакување со чипс, а некои луѓе заработуваат така што собираат измет. Овде можете да дознаете и кој е најдобриот работодавач во светот, кога вработуваат светски познатите компании и славните личности и кои се најплатени професии. Пазарот на трудот, регрутирањето и барањето работа имаат и своја смешна страна, а работодавачите и колегите на работа не мора да бидат секогаш сериозни. Lifestyle истражувањата и текстови кои ви помагаат да го тренирате својот мозок и меморија се дел од нашите адути за рубриката занимсливости бидејќи тоа се вести кои сите сакаме да ги читаме. Обработуваме и теми кои се поврзани со здравјето, интересни деловни обичаи и проекти. Прочитајте и кои се најнеудобните ситуации на работа и голем број на вести од светот кои се толку бизарни што моравме да ги сместиме во занимливости. Тука се наоѓаат и интересни професионални совети и примери што да облечете за на првиот разговор за работа, како да се однесувате на деловните забави, одење со велосипед на работа или најболното прашање за сите љубители на животни: како да ја задржите работата и кучето во исто време. Занимливостите се наменети за сите деловни луѓе кои бараат работа или се досадуваат на работа. Насмејте се со бизарните и чудните вести од светот и Македонија.
-
Се нудат 15 илјади евра и куќа за едно евро - Италија со нов повик за 3000 странци
Италијанската влада одвои 45 милиони евра за 3.000 луѓе кои се подготвени да се преселат на Сардинија.
-
„Ова е највозбудливото нешто досега, го чекав 30 години!“: Доказ дека постои чудовиштето од Лок Нес?
Се појавија нови фотографии од суштество кое личи на змија за кое се тврди дека е чудовиштето од Лок Нес од Шкотска, познатата Неси, чие постоење никогаш не е докажано. Новите фотографии од митскиот ѕвер кој и понатаму ја интригира јавноста, особено британската јавност, се оценети како „највозбудливите досега“.
-
Индија вработи „луѓе-мајмуни“ за да ги растеруваат мајмуните за време на самитот Г-20
Градскиот совет на Њу Делхи ангажирал повеќе од 30 луѓе да работат како „луѓе-мајмуни“.
-
Ова се најдобрите држави за живот во пензија
На списокот се најдоа 40 земји од цел светот, каде што според показателите, пензионерите живеат најдобро.
-
Од денес во Париз се забранети електричните тротинети
Од петок, 1 септември, Париз ќе стане првата европска престолнина што ќе ја забрани работата на електронските тротинети на своите улици.
-
Вработените во „Амазон“ не сакаат да се вратат во канцелариите, извршниот директор им го кажа ова
Извршниот директор на Амазон им одговори..
-
Маск повторно на суд, го тужат дека отпуштал повозрасни вработени од некогашен Твитер
Федерален судија во Калифорнија ја прифати тужбата во која се обвинува X, сервисот за социјални медиуми порано наречен Твитер, за непропорционално отпуштање постари работници кога Илон Маск ја купи компанијата минатата година.
-
Четири негативни ефекти од секојдневното консумирање брза храна
Се чини дека брзата храна е на секој агол, а многу луѓе ги сакаат брзите, лесни и често евтинит и достапни избори. Сепак, редовното консумирање висококалорична брза храна сепак не изгледа како најздравиот избор.
-
Дали болјерот треба да биде нон-стоп уклучен? Само вака сметката ќе би биде помала
Еве што велат експертите! Дали ќе заштедите повеќе ако котелот е постојано вклучен или само кога е потребно?
-
Георгиј од Велес за животот како иселеник: Штом ќе навлезеш еднаш во „белиот свет“ не ти се враќа назад
Георгиј Стојановски e од Велес, има 34 години и завршено два факулета на Универзитетот Св.Климент Охридски - Битола, дипломиран менаџер за туризам и угостителство во Охрид и дисперзирани студии во Велес - насока гастономија 2008-2011 и дипломиран менаџер по хотелско ресторанско работење 2013-2016 а момeнтално работи во Германија.