Занимливости
Занимливости – најчудната работа, најтешката работа, најлудите причини за отказ се темите за интересни статии и неверојатни приказни кои имаат за цел да ги опуштат сите кои бараат работа, а истите ја претставуваат другата страна на пазарот на трудот. Во Индонезија доставуваат мајчино млеко, во САД даваат отказ поради пакување со чипс, а некои луѓе заработуваат така што собираат измет. Овде можете да дознаете и кој е најдобриот работодавач во светот, кога вработуваат светски познатите компании и славните личности и кои се најплатени професии. Пазарот на трудот, регрутирањето и барањето работа имаат и своја смешна страна, а работодавачите и колегите на работа не мора да бидат секогаш сериозни. Lifestyle истражувањата и текстови кои ви помагаат да го тренирате својот мозок и меморија се дел од нашите адути за рубриката занимсливости бидејќи тоа се вести кои сите сакаме да ги читаме. Обработуваме и теми кои се поврзани со здравјето, интересни деловни обичаи и проекти. Прочитајте и кои се најнеудобните ситуации на работа и голем број на вести од светот кои се толку бизарни што моравме да ги сместиме во занимливости. Тука се наоѓаат и интересни професионални совети и примери што да облечете за на првиот разговор за работа, како да се однесувате на деловните забави, одење со велосипед на работа или најболното прашање за сите љубители на животни: како да ја задржите работата и кучето во исто време. Занимливостите се наменети за сите деловни луѓе кои бараат работа или се досадуваат на работа. Насмејте се со бизарните и чудните вести од светот и Македонија.
-
Ни најголемите авантуристи не се осмелуваат да ги посетат- ова се најнедостапните места ширум светот
Бројни дестинации во светот се привлечни за туристи, но пристапот до нив не е дозволен бидејќи се строго заштитени или премногу опасни.
-
Две тактики на богатите за правење пари
Факт е дека просперитетот е достапен за секого и постојат вистински совети за градење богатство кои богатите ги следат.
-
ПЛАТА 1.700 ЕВРА ПЛУС СМЕСТУВАЊЕ И ХРАНА И САМО ДВЕ ДЕВОЈКИ АПЛИЦИРАЛЕ: Сопственичката вели: „Едвај најдов работнички“
Синта (24) и Деви (25) од Бали се меѓу 100.000 странски работници кои оваа година работат во градежништвото, земјоделството, туризмот и разни други услужни дејности во Хрватска.
-
ТРАБАНТИТЕ ВРЕДАТ МАЛО БОГАТСТВО: Сопствениците ги продаваат за 30.000 евра
Трабант, некогашниот симбол на Источна Германија, денес станува вистинско колекционерско уживање со цени кои достигнуваат и до неколку десетици илјади евра.
-
Дали знаете во која држава „Ferrari“ возат повеќе жени отколку мажи?
Како да го направите било кој спортски автомобил со беспрекорен изглед и перформанси уште подобар? Додајте му жена! Имајќи ја оваа идеја на ум, може да се каже дека автомобилите на „Ferrari“ во Кина изгледаат сè поубаво.
-
Американски бизнисмен откри кoe прашање никогаш не треба да го поставувате на интервју за работа
Мет Хигинс, американски бизнисмен и директор на инвестициската компанија RSE Ventures, откри кое прашање никогаш не треба да го поставувате на интервју за работа.
-
Дали ќе почнеме да летуваме во Северна Европа бидејќи Медитеранот гори?
Во Шпанија и Италија ова лето е најтопло досега, горештините понекогаш се неподносливи. Грција повторно беше опустошена од пожари, досега најлошо помина Родос. Така е со години, лето по лето. Може ли глобалното затоплување да ги промени навиките на милиони туристи и да ги наведе да ја изберат северна Европа за летен одмор?
-
Како да ги подготвите децата за враќање на училиште?
Враќањето во училиште се ближи, а со тоа доаѓа и стресот и вознемиреноста кај родителите и децата.
-
ЗА ПРВ ПАТ ПО 15 ГОДИНИ НАМАЛЕНО Е ЛИЧНОТО БОГАТСТВО НА ЛУЃЕТО: Опадна бројот на милионери
Поради превирањата на берзите и девалвацијата на бројните валути во светот, приватното богатство на луѓето се намали за прв пат во последните петнаесет години, што особено важи за побогатите региони, а се намали и бројот на милионери во долари, пишува весникот Handelsblatt.
-
Што начинот на кој што ја држите шолјата за кафе открива за вас?
Интересен тест за личност – што открива за вас начинот на кој ја држите шолјата за кафе!