Занимливости
Занимливости – најчудната работа, најтешката работа, најлудите причини за отказ се темите за интересни статии и неверојатни приказни кои имаат за цел да ги опуштат сите кои бараат работа, а истите ја претставуваат другата страна на пазарот на трудот. Во Индонезија доставуваат мајчино млеко, во САД даваат отказ поради пакување со чипс, а некои луѓе заработуваат така што собираат измет. Овде можете да дознаете и кој е најдобриот работодавач во светот, кога вработуваат светски познатите компании и славните личности и кои се најплатени професии. Пазарот на трудот, регрутирањето и барањето работа имаат и своја смешна страна, а работодавачите и колегите на работа не мора да бидат секогаш сериозни. Lifestyle истражувањата и текстови кои ви помагаат да го тренирате својот мозок и меморија се дел од нашите адути за рубриката занимсливости бидејќи тоа се вести кои сите сакаме да ги читаме. Обработуваме и теми кои се поврзани со здравјето, интересни деловни обичаи и проекти. Прочитајте и кои се најнеудобните ситуации на работа и голем број на вести од светот кои се толку бизарни што моравме да ги сместиме во занимливости. Тука се наоѓаат и интересни професионални совети и примери што да облечете за на првиот разговор за работа, како да се однесувате на деловните забави, одење со велосипед на работа или најболното прашање за сите љубители на животни: како да ја задржите работата и кучето во исто време. Занимливостите се наменети за сите деловни луѓе кои бараат работа или се досадуваат на работа. Насмејте се со бизарните и чудните вести од светот и Македонија.
-
10 најбрзо растечки работни места во следните 5 години
Новите технологии и ескалацијата на климатската криза го менуваат пазарот на трудот со „невидена брзина“, се наведува во новиот извештај на Светскиот економски форум (СЕФ).
-
Од извршен директор на Mastercard до прв човек на Светска банка – кој е Аџеј Банга?
Кој е новиот раководител на Светската банка?
-
Топ 10 најбогати семејства во светот
GoBankingRates ни носи листа на 10 најбогати семејства во светот, како што објави Investor.me.
-
Ал Пачино за малку ќе добиел отказ во „Кум“: „Имав многу доверба во тебе, а ти ме нервираш…“
Едно е сигурно – дека улогата во „Кум“ на Ал Пачино му отворила многу врати во Холивуд, но сега за странските медиуми актерот открил дека за малку ќе добиел отказ во култниот филм.
-
Дали ќе го положите јапонскиот тест на интелигенција со кој таму ги тестираат кандидатите за работа? Треба да решите една задача со 6 услови
На интернет можат да се пронајдат бројни тестови на интелигенција, меѓу нив има и еден јапонски тест на интелигенција којшто го користат тамошните угледни компании за да направат подобра селекција на кандидати за разговор за работа.
-
Им се заканува на вработените и им го краде бакшишот: Испливаа мрачните тајни на најомразениот готвач кој го нарекуваат „мал тиранин“ – вработените раскажаа сè
Нусрет Гокче, попознат како Salt Bae, турски месар, готвач, забавувач и угостител, чија техника и зачинување на месото стана интернет „меме“ во јануари 2017 година.
-
Се враќа стариот начин на патување во Европа
Патувањето во Европа во 2023 година би можело да биде во знакот на возовите со вагони за спиење.
-
Овие пет земји немаат аеродроми, но вреди да се посетат
Можеби е малку потешко да се дојде до овие пет земји, но вреди трудот да се дојде до нив: Ватикан, Монако, Лихтенштајн, Андора и Сан Марино.
-
Колкави се платите во европската фабрика на „Tesla“?
За разлика од германските произведувачи како што се „BMW“, „Porsche“ и други, примањата не вклучуваат бонуси.
-
И на богатите не им е лесно: Замена на свеќички во Бугати чини над 18.000 евра
Трошоците за поседување хиперспортски автомобил често вртоглаво растат.