Занимливости
Занимливости – најчудната работа, најтешката работа, најлудите причини за отказ се темите за интересни статии и неверојатни приказни кои имаат за цел да ги опуштат сите кои бараат работа, а истите ја претставуваат другата страна на пазарот на трудот. Во Индонезија доставуваат мајчино млеко, во САД даваат отказ поради пакување со чипс, а некои луѓе заработуваат така што собираат измет. Овде можете да дознаете и кој е најдобриот работодавач во светот, кога вработуваат светски познатите компании и славните личности и кои се најплатени професии. Пазарот на трудот, регрутирањето и барањето работа имаат и своја смешна страна, а работодавачите и колегите на работа не мора да бидат секогаш сериозни. Lifestyle истражувањата и текстови кои ви помагаат да го тренирате својот мозок и меморија се дел од нашите адути за рубриката занимсливости бидејќи тоа се вести кои сите сакаме да ги читаме. Обработуваме и теми кои се поврзани со здравјето, интересни деловни обичаи и проекти. Прочитајте и кои се најнеудобните ситуации на работа и голем број на вести од светот кои се толку бизарни што моравме да ги сместиме во занимливости. Тука се наоѓаат и интересни професионални совети и примери што да облечете за на првиот разговор за работа, како да се однесувате на деловните забави, одење со велосипед на работа или најболното прашање за сите љубители на животни: како да ја задржите работата и кучето во исто време. Занимливостите се наменети за сите деловни луѓе кои бараат работа или се досадуваат на работа. Насмејте се со бизарните и чудните вести од светот и Македонија.
-
Обратно внесениот пин на банкоматот може да ви го спаси животот
Информација која секој треба да ја знае: Обратно внесениот пин на банкоматот може да ви го спаси животот
-
Дали економиите во подем ги очекува нов удар?
На почетокот на јули, приносот на десетгодишните американски државни обврзници падна на најниско ниво во последните четири месеци, а берзите се исплашија дека нема да се исполнат годинашните розови проекции за економски раст. Сепак, преовладува мислењето дека неодамнешниот скок на инфлацијата ќе биде минлив, дозволувајќи им на Федералните резерви на САД да продолжат со непречено одвивање на својот биланс на состојба во одреден момент во иднина.
-
„Копачите“ на биткоин се насочуваат кон нуклеарната енергија
Време е копачите на биткоин да станат сериозни во врска со намалувањето на нивниот јаглероден отпечаток. Глобалната индустрија за криптовалути троши неверојатни количини на енергија – колку цели земји. Рударењето со биткоин во моментов се наоѓа меѓу Колумбија (земја со 50 милиони жители) и Бангладеш (со население од 163 милиони жители) во однос на потрошувачката на енергија.
-
Музејот на Никола Тесла е привремено затворен бидејќи во објектот нема струја
Музејот Никола Тесла е привремено затворен бидејќи во објектот нема струја
-
ЕУ планира да овозможи следење на трансфери на Биткоин
Предложените измени на законот на ЕУ ќе ги принудат компаниите што вршат трансфери со биткоин и други крипто-валути да собираат податоци за испраќачите и примателите, а овие предлози ќе овозможат следење на крипто-валутите и ќе помогнат да се спречи перење пари и финансирање тероризам, соопшти Европската комисија.
-
3 причини за неуспех
Од секој неуспех, учиме две вредни лекции – дека има барем една причина зошто не сме успеале и дека можеме да се обидеме повторно
-
Сакате подобро да ги разберете парите? Следете ги овие Инстаграм профили
Почнете да се едуцирате како функционираат парите преку преземање едноставни чекори
-
Библиотека во Мадрид започна акција за онлајн читање литература на најстарите граѓани
Библиотека во Мадрид започна акција за онлајн читање литература на најстарите граѓани
-
5G ќе ја зголеми потрошувачката на мобилни податоци за четири пати до 2026 година
Со масовното усвојување на 5G технологијата, глобалната потрошувачка на мобилни податоци треба да експлодира во следните години. Од просечни 9 GB месечно по лице во 2020 година, мобилниот сообраќај се очекува да се искачи на 35 GB до 2026 година.
-
Франција ги заострува мерките за жителите и туристите, нови правила за посета на знаменитости
Поради растот на бројот на новозаболени од коронавирус, Франција од денеска ги засилува мерките како за жителите, така и за туристите.