Занимливости
Занимливости – најчудната работа, најтешката работа, најлудите причини за отказ се темите за интересни статии и неверојатни приказни кои имаат за цел да ги опуштат сите кои бараат работа, а истите ја претставуваат другата страна на пазарот на трудот. Во Индонезија доставуваат мајчино млеко, во САД даваат отказ поради пакување со чипс, а некои луѓе заработуваат така што собираат измет. Овде можете да дознаете и кој е најдобриот работодавач во светот, кога вработуваат светски познатите компании и славните личности и кои се најплатени професии. Пазарот на трудот, регрутирањето и барањето работа имаат и своја смешна страна, а работодавачите и колегите на работа не мора да бидат секогаш сериозни. Lifestyle истражувањата и текстови кои ви помагаат да го тренирате својот мозок и меморија се дел од нашите адути за рубриката занимсливости бидејќи тоа се вести кои сите сакаме да ги читаме. Обработуваме и теми кои се поврзани со здравјето, интересни деловни обичаи и проекти. Прочитајте и кои се најнеудобните ситуации на работа и голем број на вести од светот кои се толку бизарни што моравме да ги сместиме во занимливости. Тука се наоѓаат и интересни професионални совети и примери што да облечете за на првиот разговор за работа, како да се однесувате на деловните забави, одење со велосипед на работа или најболното прашање за сите љубители на животни: како да ја задржите работата и кучето во исто време. Занимливостите се наменети за сите деловни луѓе кои бараат работа или се досадуваат на работа. Насмејте се со бизарните и чудните вести од светот и Македонија.
-
“Кажете ми зошто ви требаат и ќе ви дадам 9.000 долари“
Јапонскиот милијардер Јусаку Маезева подарува повеќе од 9 милиони долари, а се што треба да направите е да ја споделите неговата објава за оваа великодушна понуда на Твитер.
-
БиХ доби министер кој повторувал година во средно, а факултет завршил за 12 години!
Назначувањето на Милош Лучиќ на функцијата министер за човекови права и бегалци во Советот на министри на БиХ беше потврдено денес во Претставничкиот дом на Парламентарното собрание на БиХ.
-
ПЛАНИНА или МОРЕ: Изборот ја дефинира вашата личност
Размислете за вашите неколку одмори наназад, дали тие вклучуваа автомобил, плажа, песок, сандали и пешкири или пак планинарски чевли, шал и планински куќи.
-
Виена дава по 50 евра за трошење во кафулиња и ресторани
Градот Виена ќе доделува ваучер од 50 евра по домаќинство кои ќе ги трошат во угостителските објекти.
-
Неделен хороскоп 11.05.2020 до 17.05.2020
Дознајте што ве очекува неделава
-
Телефонот на полнач преку цела ноќ: Добро или лошо за вашата батерија?
Со оглед на тоа дека ги користиме во текот на денот, вообичаен начин да ги наполниме батериите на своите мобилни телефони е да ги оставиме на полнач цела вечер. Меѓутоа, дали е тоа навистина неопходно?
-
Зошто новите автомобили стануваат се поскапи?
Современите електронски системи сочинуваат 40 проценти од цената на новото возило.
-
Овие 7 маани ги имаат само луѓето со висок IQ
Иако на почетокот може да изгледа дека високото ниво на интелигенција е само позитивна работа, сепак тоа има и некои маани.
-
Колку вода треба да пиете секој ден?
Многупати сте се почуствувале жедно или сте имале сува кожа, а докторите сигурно ве посоветувале да го зголемите количеството на вода што го консумирате дневно.
-
Забранетиот град повторно отворен за посетители
Откако три месеци беше затворен за посетители, Забранетиот град – една од најголемите туристички атракции во кинеската престолнина, но и во целата земја – пред неколку дена повторно ги отвори своите врати.