Занимливости
Занимливости – најчудната работа, најтешката работа, најлудите причини за отказ се темите за интересни статии и неверојатни приказни кои имаат за цел да ги опуштат сите кои бараат работа, а истите ја претставуваат другата страна на пазарот на трудот. Во Индонезија доставуваат мајчино млеко, во САД даваат отказ поради пакување со чипс, а некои луѓе заработуваат така што собираат измет. Овде можете да дознаете и кој е најдобриот работодавач во светот, кога вработуваат светски познатите компании и славните личности и кои се најплатени професии. Пазарот на трудот, регрутирањето и барањето работа имаат и своја смешна страна, а работодавачите и колегите на работа не мора да бидат секогаш сериозни. Lifestyle истражувањата и текстови кои ви помагаат да го тренирате својот мозок и меморија се дел од нашите адути за рубриката занимсливости бидејќи тоа се вести кои сите сакаме да ги читаме. Обработуваме и теми кои се поврзани со здравјето, интересни деловни обичаи и проекти. Прочитајте и кои се најнеудобните ситуации на работа и голем број на вести од светот кои се толку бизарни што моравме да ги сместиме во занимливости. Тука се наоѓаат и интересни професионални совети и примери што да облечете за на првиот разговор за работа, како да се однесувате на деловните забави, одење со велосипед на работа или најболното прашање за сите љубители на животни: како да ја задржите работата и кучето во исто време. Занимливостите се наменети за сите деловни луѓе кои бараат работа или се досадуваат на работа. Насмејте се со бизарните и чудните вести од светот и Македонија.
-
Колку е можен хакерски напад на модерните автомобили?
Најновото истражување покажува огромни слабости, кои вештите хакери можат да ги искористат за злонамерни операции.
-
Пензионери поминале 500 дена на море: Резервирале 51 крстарење бидејќи е поевтино од пензионерски дом
Марти и Џес Ансен од Австралија одлучиле да резервираат 51 последователно крстарење затоа што оваа опција, како што тврдат, им била поевтина од плаќање на пензионерски дом.
-
Ова се најчудните фобии: Страв од путер од кикиритки, копчиња…
Многумина од нас имаат по малку чудни фобии. Ова се ирационални стравови предизвикани од одредени предмети, луѓе или ситуации. Заедно со постоечкиот страв доаѓа и силната потреба да се избегне она од што се плашиме.
-
Прогласен најдобриот ресторан во светот за 2023 година: Се наоѓа во Холандија
Tripadvisor неодамна ги прогласи најдобрите ресторани во светот.
-
Познат ресторан направи потег за пофалба: Ги намали цените поради зголемените трошоци, со дополнителен попуст за вработените
Ресторанот ги намали цените на своето мени за дегустација како одговор на зголемените трошоци за живот.
-
Колкав процент од младите во ЕУ работат додека се школуваат?
Младите ширум Европа се школуваат и работат паралелно. Една четвртина од сите млади луѓе во Европската унија работат во текот на школувањето.
-
Дали е можно, со плата од 4.000 евра на „работ на сиромаштија“: Во оваа европска земја најмногу пари се трошат за кирија и здравствено осигурување
Додека во многу земји плата од 4.000 евра би се сметала за добра, во оваа држава тоа би значело дека живеете на работ на сиромаштијата.
-
Погледнете ја „мајсторијата“ на пилотот којшто и покрај силните ветрови успешно слетува на најопасниот аеродром во Европа
Пилотите пред слетувањето мора да поминат низ посебна обука за да бидат сигурни во тоа што го прават, но и да го прават како што треба.
-
Организмот реагира: Ова се знаци дека јадеме премногу леб
Иако лебот е една од најпопуларните намирници намирници, пред сè затоа што може брзо да се подготви и да се јаде на различни начини, диететичарите предупредуваат дека не треба да претеруваме.
-
Доста е од негатива: 8 добри нешта кои моментално се случуваат во светот, а повеќето луѓе не се свесни за тоа
Лесно е да се изгубиме во негативните нешта, особено кога тие се важни и влијаат на нашите животи.