Анкети и истражување
-
Анализа: Во Македонија најрано во пензија, а еве како е во регионот
Порталот „Пари“ правеше анализа за податоците од пензиските фондови и по податоците што ги објавувале медиумите за пензиите во своите држави. Податоците покажаа дека Македонија, во однос на Западен Балкан, дури и не стои така лошо во однос на пензиите. Секаде состојбата е лоша, а во моментов, меѓу земјите од Западен Балкан (Македонија, Србија, Црна Гора, Босна, Косово и Албанија) единствено Црна Гора има поголема просечна пензија. Но, исто така, регулативата во регионот, покажа дека во Македонија најрано се оди во пензија, освен жените во Албанија, кои се пензионираат порано од оние во Македонија.
-
Што покажа анкетата: Кој маркет е најпосакуван за вработување во земјава?
Продавачите и касиерите се меѓу најбараните професии поради растечкиот тренд на нови маркети и шопинг центри
-
Дали парите купуваат среќа!? - Но, дефинитивно нудат поголемо задоволство и помалку стрес
Луѓето веројатно претерано ја нагласуваат важноста на парите кога размислуваат колку добро им оди во животот, а всушност многу други фактори придонесуваат за среќата на една личност.
-
Во кои сектори работниците земаат најниски плати!?
Во земјава има повеќе сектори каде платите се нешто над минималецот.
-
АНКЕТА: 40% НЕ ДОБИЛЕ К15
„Ми исплатија К15 и требаше истиот ден да ги подигнеме парите од банка и да ги вратиме на работодавачот“
-
Голема експертска анализа: Дали доаѓа крајот на пандемијата?
Никој во последните две години не се запрашал дали пандемијата конечно заврши и кога конечно ќе можеме повторно да живееме нормално. И двете прашања ги поставил на експертите и добил одговори „многу брзо“.
-
Граѓаните сè помалку им веруваат на институциите, на судството најмалку
Според повеќе истражувања на јавното мислење направени во 2021 година, граѓаните покажале дека најмалку веруваат во судството и во институциите коишто се на првата линија за справување со корупцијата и криминалот. Но и останатите демократски институции добиваат низок степен на доверба од граѓаните. Генерално, граѓаните имаат ниска доверба во речиси сите учесници во политичкиот живот.
-
Цените на храната во 2021 највисоки во последната деценија!
Светските цени на храната скокнаа за 28 отсто во 2021 година и се на највисоко ниво во последната деценија, а надежите за враќање на постабилните пазарни услови оваа година се мали, објави во Агенцијата за храна на ОН.
-
Две третини од домаќинствата имаат автомобил, а речиси 60% имаат компјутер поврзан на интернет
Околу две третини од домаќинствата поседуваат патнички автомобил, додека велосипед околу една третина и мотор само 6,6 отсто. Телевизор во домот имаат 95 проценти од анкетираните домаќинства, персонален компјутер поврзан на интернет – 58,8 %, радио – 19 %, фотографски апарат – 12,7 %, музички уред – 11,8 %, а видеокамера – 2,6 проценти, покажува статистичкиот годишник на Македонија за 2021 на Државниот завод за статистика.
-
„Ако еднаш сум си заминал/а, не се враќам пак“ - Македонците не би прифатиле понуда за работа од поранешен работодавач
Како вие би изреагирале ако добиете понуда за работа кај поранешниот работодавач?