Vrabotuvanje.com - Вести
Сподели
Tweet
Сподели

Вести

  • НОВА ОДЛУКА: Се замрзнуваат цените на дополнителни продукти НОВА ОДЛУКА: Се замрзнуваат цените на дополнителни продукти

    Владата ја донесе Одлуката за посебни услови за трговијата на одделни стоки со која се замрзнуваат цените на дополнителни продукти како што се овошјето, зеленчукот и пченицата и се определува највисоката трговска маржа за да се елиминираат можностите за раст на цените по други основи.

  • Количка за намирници со вештачка интелигенција – спој на онлајн и офлајн шопинг искуството Количка за намирници со вештачка интелигенција – спој на онлајн и офлајн шопинг искуството

    Вив количките што се тестираат во Алберстонс им овозможуваат на муштериите да ги скенираат намирниците во движење, без посета на киоскот за наплата.

  • Февруарските пензии ќе бидат предвреме исплатени - ЕВЕ КОГА! Февруарските пензии ќе бидат предвреме исплатени - ЕВЕ КОГА!

    Февруарските пензии ќе бидат предвреме подготвени за готовинска исплата во четири групи почнувајќи од 24 февруари до 01 март.

  • Известување: Три скопски општини утре ќе бидат без струја Известување: Три скопски општини утре ќе бидат без струја

    Од ЕВН Македонија АД известуваат дека на ден 23.02.2022 година (среда) без електрична енергија ќе останат

  • Занаетчиите бараат да работат и во недела Занаетчиите бараат да работат и во недела

    Сѐ поголем број занаетчии алармираат дека поради неработната недела значително им се намалуваат можностите за остварување профит, поради што стравуваат од целосно затворање на своите дуќани. Некои од занаетчиите истакнуваат дека во согласност со законот, за голем дел од професиите нема никаква можност да работат во недела, ниту оние занаетчии што сами се сопственици и сами работат во својот дуќан, односно нема можност самиот газда да се пријави и да работи во недела.

  • Пониски увозни давачки за домашните компании, намалени царинските стапки на 258 индустриски стоки и природниот гас Пониски увозни давачки за домашните компании, намалени царинските стапки на 258 индустриски стоки и природниот гас

    Трајно се намалуваат или укинуваат царинските стапки на 258 суровини и репроматеријали што ќе значи намалени увозни давачки за домашните компании. Со укинувањето на тарифите се намалуваат трошоците за производство со што се влијае на зајакнување на конкурентноста на македонската економија.

  • 22.02.2022 - палиндром и амбиграм во едно - Еве што значи тоа 22.02.2022 - палиндром и амбиграм во едно - Еве што значи тоа

    Денешниот датум е двојно редок, не само затоа што може да се чита исто нанапред како и наназад, туку и нагоре и надолу. Во 21 век има 29 палиндромски денови во европскиот формат на ден-месец-година. Првиот беше на 10 февруари 2001, а последниот ден ќе падне (да сме здрави-живи) на 29 февруари 2092.

  • Не треба нов Закон за наставници, за да пораснат платите во секторот образование! Не треба нов Закон за наставници, за да пораснат платите во секторот образование!

    Синдикатот на образование вели дека ако политичарите вистински имаат намера да им ги зголемат платите на просветните работници тоа може да го направат преку измена на Колективните договори, а не само со предлог закон. На тој начин нема да биде селективно зголемувањето на платите, туку освен професорите и стручните соработници повисоки плати ќе добијат и техничките лица вработени во секторот образование.

  • Општина Кисела Вода: Првачињата ќе добиваат ранчиња, сите деца таблети, а наставниците компјутери Општина Кисела Вода: Првачињата ќе добиваат ранчиња, сите деца таблети, а наставниците компјутери

    Сите првачиња што ќе почнат да одат во училиште на територијата на Општина Кисела Вода од следната учебна година, симболично ќе добијат ранче подарок, најавуваат од оваа скопска општина. Реализацијата на овој проект насловен како „Ранче за секое прваче“, ќе има за цел барем малку да им ги олесни финансиските трошоци на родителите при уписот на своето дете во училиште.

  • Во Европа ќе се плаќаат вињети по поминат километар Во Европа ќе се плаќаат вињети по поминат километар

    Минатиот четврток Европскиот парламент одобри воведување еднодневни вињети кои се базираат на растојание, односно реално поминати километри. Европратениците дадоа зелено светло за договор со владите на ЕУ за дефинирање на таксите што земјите-членки можат да ги наметнат за камионите, автобусите, комбињата и автомобилите кои ги користат патиштата во трансевропската мрежа.

Vrabotuvanje.com.mk користи колачиња (анг. cookies) за да ви овозможи подобро корисничко искуство. Повеќе информации можете да прочитате овде