Актуелно
-
Какво време не очекува во наредните денови?
Ќе стивне ли топлото?
-
9 септември (понеделник) е неработен ден за сите граѓани на Македонија
Денот на независноста на Републиката е во недела.
-
Tуристичките аранжмани во Македонија поскапеле повеќе од европскиот просек
Цените на туристичките аранжмани во Северна Македонија во јули се зголемени повеќе отколку во речиси сите европски земји. Додека просечното зголемување на цената на пакет аранжманите во јули во Европската унија (ЕУ) изнесуваше 6,6 отсто, според Евростат, во Македонија цената на туристичките пакети се зголеми за дури 16,5 отсто, јави дописникот на МИА од Белград.
-
Колку се заработува на брод? Сумите ќе ве изненадат!
Во бескрајните сини длабочини на океаните, крузерите се претвораат во пловечки градови, нудејќи не само одмор и забава за своите патници, туку и ветување за просперитетен живот за оние кои ги управуваат нивните беспрекорно чисти и блескави палуби.
-
Почнува бербата на шипката – оваа култура ќе го замени тутунот
Во полн ек е бербата на шипката, плодот кој се смета за суперхрана поради своите антиоксидантни и лековити својства.
-
Се намалуваат цените на пет патарини на автопатот Солун – Атина
За околу три евра поевтино ќе биде патувањето со автомобил меѓу Солун и Атина со намалувањето на цените на пет патарини во централна Грција, што вчера го соопшти грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис, јави дописничката на МИА од Атина.
-
Бројот на штрковите расте, а бројот на деца се намалува. Како е можно?
Македонското еколошко друштво спроведе пребројување на штрковите на национално ниво. Овој цензус се спроведе во рамки на 8-от Европски цензус на штркови кој што се прави на секои 10 години, а во Македонија првпат се спроведе во 2014 година. При истражувањето во Македонија беа вклучени над 15 членови и волонтери на МЕД, а евидентирани се вкупно 1765 гнезда на штркови (1388 активни гнезда и 389 неактивни гнезда – односно гнезда во кои не се извеле млади, биле гнезда за спиење на штрковите, или имало само една возрасна птица). Вкупниот број на изведени штркчиња е 3,934.
-
Маслиновото масло станува прескапо за потрошувачите
До оваа година, маслиновото масло беше најпопуларно во шпанските домаќинства – покриваше 62 отсто од продажбата, а сончогледово околу 34 отсто, покажуваат податоците на шпанското министерство за земјоделство.
-
Граѓаните да ги променат старите возачки дозволи, истите важат до крајот на годинава
Старите возачки дозволи ќе важат до крајот на оваа година и сите граѓани кои го имаат овој документ со старото име на државава да пристапат кон обновување на истиот, апелираше министерот за внатрешни работи Панче Тошковски.
-
Работниците од октомври со повисока плата?!
Платите на работниците во Македонија не се доволно за да го следат континуираниот раст на трошоците за живот. Синдикатите бараат поголемо покачување на платите на вработените во јавниот сектор, како и раст на минималната плата која изнесува 22.500 денари, во услови кога вредноста на синдикалната минимална кошница изнесува 60.570 денари. Од септември ќе има усогласување на платите на вработените во јавниот сектор според општиот колективен договор. Тоа значи дека работниците од следниот месец ќе добијат повисоки плати за 200 до 300 денари.
-
Македонија изгуби над 27.000 ученици за десет години, најголем губитник е Пехчево
Бројот на ученици во основните и во средните училишта во последните десет години е намален за 27 илјади, објави Центарот за граѓански комуникации.
-
СЕГА Е МИГОТ ДА СЕ КУПИ КУЌА НА МОРЕ: Инвестицијата се исплати, парите брзо се враќаат
Бранислав Симовиќ, агент за недвижности во Црна Гора, вели дека цените на куќите и становите значително пораснале во последните години, особено по доаѓањето на руски и украински граѓани по почетокот на војната.
-
Возовите се расипуваат, пругите скапуваат – има ли спас за железничкиот превоз?
Во последните години, железничкиот превоз во Македонија се соочува со сериозен предизвик: значително намалување на бројот на патници кои го користат овој вид транспорт.
-
Државата е немоќна против дивите таксисти во туристичките места - Еве на што треба да внимавате!
Познатиот туристички водич Спасе Манев, со препораки, како туристите да се спасат од измамите на дивите таксисти, во екот на туристичката сезона.
-
Македонија ќе слави - Пред нас е продолжен викенд за сите граѓани
На почетокот на септември повторно имаме продолжен викенд.
-
Што е К-15, на кого му следува и кои се обврските на работодавачот?
Што ако не се исплати регресот?
-
Изборот на универзитет – патоказ во животот
Образованието е најмоќното оружје што можете да го користите за да го промените светот“
-
Од денес ќе се возиме на поевтин бензин
Еве за колку
-
Македонија на врвот на листата на депортации од Германија
Во првите шест месеци од годинава близу 10.000 луѓе биле протерани од германија, а македонските државјани се на врвот на листата земји од кои потекнуваат депортираните, објави Дојче Веле.
-
Над 400 апликации на специјализанти за вработување во јавното здравство, денеска е последен ден за пријавување
ад 400 апликации се пристигнати на повикот за изразување интерес на специјализанти за вработување во јавното здравство.
-
Училиштата во Холандија воведоа целосна забрана за користење на мобилни телефони
Телефоните во средношколските училници се забранети од почетокот на оваа година, а мерката се прошири и во основните училишта од почетокот на новата учебна година.
-
НЕМА ВЕЌЕ ГУЖВИ И ТЕПАЧКИ ЗА ПАСОШИ - нови документи за 15 работни дена
Процесот за издавање лични карти и патни исправи е целосно ставен под контрола и отсега граѓаните ќе можат да ги добијат новите документи во законскиот рок од 15 работни дена, рече премиерот кој присуствуваше на првиот училишен ден во ОУ „Стив Наумов“ во Општина Гази Баба.
-
Бензините поевтинуваат од полноќ
Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад донесе Одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,57 % во однос на одлуката од 26.8.2024 година.
-
ВАЖНО ЗА СИТЕ КОИ ЌЕ ПАТУВААТ ВО ЗЕМЈИ ЧЛЕНКИ НА ЕУ: Од 10ти ноември нови правила за влез во земјите членки на ЕУ
Нови правила за влез во Европската Унија (ЕУ) ќе има за граѓаните на Македонија и други земји кои не се членки на Унијата и истите ќе почнат да важат од 10 ноември оваа година
-
Приватните превозници постигнаа договор со ЈСП, сите линии се враќаат во нормала
Петрушевски, исто така, посочи дека веќе има некои разговори и за цената на километарот и повика тоа да биде разговарано на следната седница на Советот на Град Скопје.
-
Најпосетувани огласи во изминатите 7 дена
Ви ги претставуваме најпосетуваните огласи за работа на Vrabotuvanje.com во последните 7 дена
-
За 17 илјади се намалил бројот на ученици во последните 7 години во Македонија
Пред почетокот на учебната година, во основните и во средните училишта низ Македонија ќе има околу 245.000 ученици. Според „Радио Слободна Европа“ споредбено со изминатите седум години, истата е намалена за 17.000 ученици, што го покажува егзодусот во последната деценија од земјава.
-
МИНИМАЛНИ ПЛАТИ ВО ЕВРОПА: Од 185 до 2.571 евро
На европско тло варира висината на минималната плата. Македонија е меѓу земјите со низок минималец.
-
Тропските денови продолжуваат! И понатаму сончево и топло време
Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 11 до 20, а максималната ќе достигне од 29 до 36 степени. UV индексот =7
-
Септември е најскапиот месец за секој родител – еве колку чини почетокот на учебната година
Секоја година, со почетокот на новата учебна година, родителите се соочуваат со значителни финансиски предизвици.
-
Прв училишен ден! Почна школската година со учебници за сите ученици и без пролетен распуст
Денеска почнува новата учебна 2024/25 година за сите ученици во основното и средното образование. Според податоците на МОН, новата учебна година ќе почне за 245 илјади ученици во основните и средните училишта, бројка што е намалена за 17 илјади во последните седум години.
-
Од 10 Ноември ќе мора да се пријавуваме за да влеземе во ЕУ
Влезот ќе чини 7 евра од 2025 година
-
Како изгледаше одење на училиште во Југославија?
Образованието во Југославија значително се разликуваше од денешното, а 4 работи беа задолжителни
-
Утре линиите 9, 11, 11а , 12, 47 и 55 редовно ќе сообраќаат
Демант од приватните превозници
-
Време е за зимница – во што е трикот за совршен ајвар? Неколку грешки на домаќинките го расипуваат неговиот вкус
Десет грешки кои многумина ги прават, па ајварот не им излегува како што треба.
-
Има квалитетно производство и пласман на пиперката, потребна е млада работна рака
Во Кривогаштани, по вторпат синоќа се одржа Фестивалот на пиперката на кој на 20-тина штандови беа претставени земјоделските производи, најмногу познатата пиперка за ајвар – црвената капија, како и гастрономски производи од пиперки и од зеленчук и овошје.
-
Во Далмација не стивнуваат горештините, но ни цените: Туристите се шокирани
Луѓето едвај се навикнаа на еврото па и дуплираните цени, но потоа имате лето и туристи, па повторно скокаат, пренесува ХРТ.
-
Санторини веќе не може да „дише“: Прекумерниот туризам и бетонот го опседнаа
Санторини, островот што стана најпопуларна дестинација во Грција, нема да може да се „спаси“ ако не се запре развојот – најопипливиот ефект на надтуризмот – веднаш, предупреди градоначалникот.
-
Како да престанете со бесцелното „скролање“ по социјалните мрежи?
Онлајн-светот навистина не е совршен, но е дефинитивно магичен и лесно може да се најдете во ситуација да изгубите контрола. Прочитајте како да се заштитите од doomscrolling.
-
Ситуацијата во Германија се менува, многу наши печалбари за пет години ќе си дојдат дома, вели најпознатиот гастербајтер Дино Клепо
Ситуацијата многу се менува. Инфлацијата го направи своето, така што со релативно нормални плати многу малку останува за живот. Сепак, луѓето дојдоа поради пари, а не за животот овде.
-
Транспортот расте, бизнисот преферира патен сообраќај, патниците најмногу сакаат авион!
За речиси 200 отсто е зголемен патниот товарен сообраќај во првиот квартал лани во однос на истиот период годинава. Податоците на Државниот завод за статистика велат дека има шест отсто зголемување на железничкиот товарен сообраќај и 135 отсто зголемување кај авио каргото. Во првото тромесечие од 2024 година забележан е раст на превезените патници, но е зголемена и количината на стока која се транспортира од едно на друго место.
-
Европски мост им овозможува на туристите да посетат три земји во еден ден
Европскиот мост на три земји, кој чини околу 100 милиони евра, им овозможува на туристите да посетат три земји во еден ден.
-
Четврт месец по ред се намалува бројот на патници на Скопскиот аеродром
Во јули е намален бројот на патници на Скопскиот аеродром. Трендот на намален број патници продолжува четврти месец по ред. Во јули, Скопскиот аеродром имаше 296.861 патник, што е намалување од 5,5 отсто во споредба со истиот месец лани.
-
Годинава нема да има пролетен распуст, се покажал како непотребен
Годинава, основците и средношколците нема да имаат пролетен распуст, одлучи Министерството за образование и наука врз основа на спроведената анкета меѓу наставниците, родителите и учениците, кои во мнозинство се изјасниле дека ваков распуст не е потребен.
-
Високите температури го намалија производството на мед
Производството на мед годинава бележи сериозен пад. Високите температури и долгиот сушен период ја намалиле продукцијата речиси за половина. Наместо просечните околу 8 килограми по пчелно семејство, сезонава се очекува да бидат собрани најмногу до 5 килограми мед. Ваквиот пад во количината ја прави годината најлоша до сега, велат пчеларите.
-
300 нови вработувања - Почна со работа новата фабрика на Киел во Македонија
Со добивањето дозвола почна со работа втората фабрика на германска компанија Киел Македонија во ТИРЗ зоната на НОРМАК во Тетово.
-
Колкав е минималецот во земјите од регионот? Словенија е далеку пред сите
Работниците во Македонија кои се „на минимална плата“ добиваат 367 евра месечно. Ниту еден работник во нашата земја не може да биде платен помалку од оваа задолжителна минимална плата.
-
ТАВ Македонија со слободен ден за вработените кои имаат првачиња
Убав гест
-
Гоце Вангеловски e нов генерален директор на „Кола“
Последниве две и пол години бил помошник на Управниот oдбор на „НЛБ Банка“
-
Кои особини и одлики се наследуваат главно од мајката
Ќе се изненадите
-
Секој четврт Германец е мигрант или потомок на мигранти
Скоро четвртина од населението на Германија има мигрантско потекло, објави во четвртокот заводот за статистика.
-
Од утре сите по намирници во Врање- намалени цени на 700 прехамбени продукти
Акцијата ќе трае до 31 Окомври
-
Нови попусти за плаќање патарина во Србија
Како што е наведено на веб-страницата на компанијата, сите корисници на моторни возила од IV категорија емисиона класа ЕУРО 6, кои плаќаат патарина преку електронски уреди за наплата, ќе можат да добијат попуст од 5 септември 2024 година.
-
Од понеделник колапс во јавниот превоз – скопјани подгответе се навреме!
Започнува учебната година, бројот на корисници на јавниот превоз се зголемува, а градските власти не успеаја ништо да направат за да се справат со проблемот кој тлее со месеци.
-
Во Македонија се раѓаат се помалку деца
Бројот на живородени дечиња во второто тримесечје од 2024 година е помал за 7,2% соопшти Државниот завод за статистика и нивниот број изнесува 3840 деца.
-
Слободно планирајте одмор во првите 2 недели од септември: Нѐ очекува натпросечно топло и претежно стабилно време
Почитувани, дојдовме до самиот крај на месецот август, последниот летен месец од годината. Со почетокот на новиот месец (септември) ни започнува и климатолошката есен, кога ноќите се се подолги, а деновите многу пократки.
-
Игротека во Скопје организира бесплатни родендени за деца од социјално загрозени семејства и деца со посебни потреби
Родендените се среќни и свечени настани кои создаваат спомени кои децата потоа го носат со години.
-
Македонските граѓани најмногу депортирани од Германија
Во првите три месеци од годинава од Германија се протерани 483 македонски државјани.
-
Од денес попладне во прекин системите е-ПДД, е-Даночни услуги и МојДДВ
Управата за јавни приходи соопшти дека од денес попладне нема да бидат во функција системите е-ПДД и е-Даночни услуги, а можни се прекини и во работењето на апликацијата „МојДДВ“.
-
Колку месеци треба да работат Македонците за да купат половен автомобил?
Достапноста на автомобилите многу варира од земја до земја
-
Диви таксисти го преплавија Скопје – шансата ја гледаат во нефункционалниот автобуски превоз
Во сенка на нефункционалниот градски автобуски превоз, еден нов тренд се искачува на површината на урбаниот живот во Скопје – зголемувањето на бројот на диви таксисти.
-
КОМПАНИИТЕ НУДАТ ПРОДОЛЖЕНО ПЛАТЕНО ОТСУСТВО ОД РАБОТА: Вработените го користат за стекнување нови знаења и вештини
Работниците сè повеќе бараат компании кои нудат продолжено, обично платено отсуство од работа (sabbaticals) за да им помогнат да се справат со синдромот на „прегорување“, да стекнат нови искуства и да го подобрат балансот помеѓу работата и приватниот живот.
-
Во Европа за прв пат се појави инвазивен вид пчели, последиците може да бидат сериозни
Колонија на инвазивната црвена џуџеста медена пчела е пронајдена за прв пат во Европа. Ова откритие на видот Apis florea на Малта ги зголеми стравувањата од можни сериозни последици.
-
Затворен е конкурсот за работа што привлече големо внимание поради платата од 150.000 евра: Венеција принудена да бара гондолиери
Огласот за работа кoj во Венеција привлече големо внимание, особено поради платата сега конкурсот е затворен, а дали пријавените навистина ќе станат гондолиери останува да видиме.
-
„Никој не руча во ресторан, сите јадат сендвичи на плажа“ – скапотијата ја кутна Будва на колена
Летната туристичка сезона во Будва, Црна Гора, која традиционално оживува со пристигнувањето на топлите денови и сончевите зраци, оваа година се соочува со невидени предизвици.
-
Внимателно купувајте храна, уште повнимателно јадете – ако има рок, не значи дека не е расипана
Во последните месеци, граѓаните се соочуваат со зголемен број случаи на расипани прехранбени производи во маркетите.
-
Која земја во ЕУ има најниска, а која највисока акциза за цигарите? (ИНФОГРАФИК)
Највисока акциза за цигарите во Европската унија е воведена во Ирска – 9,92 евра за кутија од 20 цигари, потоа Холандија – 7,66 евра и Франција – 7,45 евра.
-
Како во Македонија се стигнува до старосна пензија?
Сите детали за старосна пензија
-
Пензиите ќе може да се подигнат и денес ама само од оваа банка
Време е за исплата
-
Од септември поголеми пензии: За линеарните 2.500 денари месечно потребни плус 13,86 милиони евра
Во септември пензионерите ќе имаат на располагање дополнителни 2.500 денари. Со тоа, власта ќе ја реализира првата рата од ветеното линеарно зголемување на пензиите за пет илјади денари. Втората ќе биде во март идната година.
-
ОД ПРВИ СЕПТЕМВРИ НОВИ ПРАВИЛА НА ЕВРОПСКИТЕ АЕРОДРОМИ: Се враќа забраната за носење над 100 ml течности во кабинскиот багаж
Ако летате некаде во Европа во септември, треба да се запознаете со некои нови правила кои стапуваат на сила на аеродромите на ЕУ од овој викенд. За патниците кои патуваат со рачен багаж на летови, ЕУ одлучи да не им дозволи да носат повеќе од 100 ml течности во нивниот кабински багаж, вклучувајќи контејнери со аеросоли и гел.
-
Уписи на УКИМ: Најмногу слободни места на ПМФ и ФИНКИ, најголема гужва на Економски
Потенцијалот за високи примања и флексибилноста на информатичките професии беа меѓу најчестите причини што ни ги посочија идните студенти кога ги прашавме зошто одлучиле да се запишат на ФИНКИ - велат од Мета.мк
-
На факултет во Хрватска, студентите од Македонија ќе плаќаат како домашните студенти
Со новата спогодба се унапредува изучувањето на македонскиот, односно хрватскиот јазик со дополнителни стипендии и продолжува доделувањето стипендии за напредни студии на високообразовни установи во двете земји
-
Британците ќе го забранат пушењето и во некои надворешни простори
Британската влада наводно размислува да го забрани пушењето во некои отворени простори за да го подобри јавното здравје, пренесе денеска ДПА.
-
За 7 години бројот на ученици е намален за 17 илјади, само бројот на првачиња е намален за 3500
Демографската слика во Македонија се движи кон катастрофа. Како што пренесува Алфа за 7 години бројот на ученици се намалил за 17 илјади, додека бројот на првачиња е намален за 3500. Поради ваквото намалување на населенито во нашата држава се затвараат и училишта. Само во период од 1 година се затворени дури 14 училишта.
-
Наплив на диви таксисти во Скопје
Дивите таксисти го преплавија Скопје откако јавниот превоз речиси колабираше. Граѓаните по долгите чекања на автобуските станици се решеваат да влезат во прво такси кое ќе им дојде, а тоа е најчесто нелегално. Сашо Рајчановски, претседател на Групацијата на авто-такси превозници, вели дека аларментен е бројот на нелегални такси превозници.
-
Венеција ви нуди престој и плата од 150.000 евра годишно ако…
Можеби едно од најпопуларните туристички места во Италија, Венеција понуди можност за заработка и престој во градот за плата од 150.000 евра годишно.
-
ЕУ: Нови правила – нови рестрикции за авио багажот
Димензиите на рачниот багаж, вклучувајќи ги рачките и тркалата, не смее да надминуваат 55 x 40 x 20 сантиметри, а личниот предмет, како што се чанта, ранец или торбичка за лаптоп, мора да биде помал од 40 x 30 x 15 сантиметри и да одговара да се стави под седиштето пред вас.
-
ВРЕМЕ Е ЗА НА ПЛАЖА – ВО СЕПТЕМВРИ! Летото годинава ќе биде продолжено, како во Македонија така и на Балканот
Според она што може да се види на прогностичките карти, оваа година ќе имаме продолжено лето во Македонија, тоа значи дека и во првата половина од месец септември ќе имаме релативно високи температури на воздухот кои ќе бидат над просекот за првата половина на септември. Тие би се искачувале некаде во интервалот од 27 до 35 степени, што значи дека и понатаму ќе биде идеално за одење на плажа, вели метеорологот Славчо Попоски.
-
Сè уште не се појавил добитникот на Лото кој освои 1,7 милиони евра
Милионерот од Охрид сè уште не се појавил по освоените 1,7 милиони евра. Ова е најголемиот џекпот во историјата на Државна лотарија. Добитната комбинација се состои од броевите 7, 10, 27, 31, 33, 35 и 36 и е уплатена во Охрид.