Занимливости
-
Осмомартовски понуди: Во Србија и Истанбул најевтино, во Дубаи со минимум 1.000 евра
И годивава, традиционално во пресрет на Меѓународниот ден на жената, Осми март, има бројни понуди за патувања во странство. Истанбул, Будимпешта, Виена, Братислава, Прага...европските метрополи и овој пат се меѓу најбараните и најповолните опции за прошетка. Аранжманите се движат со цени почнувајќи од 70 евра, па нагоре, но од туристичките агенции се жалат на слаб интерес за патување.
-
Земји во кои туристите јадат најлоша храна
Земји во кои туристите јадат најлоша храна
-
Салт Бае за своите почетоци: Од чаршија во Истанбул до Лас Вегас
Салт Бае, познат турски месар и готвач раскажува за своите почетоци додека уште работел како чирак.
-
Навики поради кои непотребно губите пари
Ако на крајот од месецот се прашувате каде ви отишле сите пари, тогаш преиспитајте го вашето трошење. Направете дневник во кој ќе ги бележите вашите дневни трошоци и осигурете се дека немате некоја од следниве навики:
-
Како студеното време предизвикува настинка?
Ако сакате да се заштитите од настинките во зима, тогаш ќе треба да си го покриете носот.
-
Скопје е ...бакнеж на клупа покрај кеј
Некогашното Скопје беше и останува симбол на љубовта, радоста и солидарноста! Денес се помалку од овие вредности, но се повеќе спомени!
-
Намалете го звукот – СЗО постави нов стандард за безбедно слушање
Младите ризикуваат да го загубат слухот од гласна музика на места како што се ноќни клубови и концерти, соопшти Светската здравствена организација (СЗО) која издаде нов глобален стандард за безбедно слушање.
-
Истражување – Доволно ли е еден викенд квалитетен сон за надминување на хроничниот замор преку неделата?
Ако работите напорно цела недела и не спиете доволно, здравствените ризици на кои сте подложни не се намалуваат дури и ако го поминете целиот викенд во одмор, покажа краткорочното истражување направено на група млади испитаници.
-
Како настанале симболите за машкиот и женскиот пол?
Самите симболи се антички, а асоцијациите што им се припишуваат датираат од раѓањето на првата цивилизација.
-
Facebook ја гаси својата социјална мрежа наменета за студенти
Корисниците се известени дека по 10. март сите податоци кои ги објавиле ќе бидат избришани, но дека ќе можат да ги преземат на својот компјутер.
-
“Vespa” слави 75-ти роденден, а “LEGO” нуди посебна креација
“LEGO” претстави уште еден производ за љубителите на легендарното возило.
-
На оваа земја му треба "ѓубре" - Рециклираат толку многу што честопати остануваат без него, па треба да го увезуваат
Во последните децении, шведската влада се соочи со проблем со кој повеќето земји никогаш не се соочиле. Им недостасува ѓубре!
-
Развојот на технологијата овозможи тастатурата речиси целосно да ги замени хартијата и пенкалото
Развојот на технологијата овозможи тастатурата речиси целосно да ги замени хартијата и пенкалото. Сепак, колку што развојот на технологијата направи некои работи полесни и побрзи, има и лоши ефекти од развојот.
-
Ротердам ќе демонтира историски мост за да може да помине суперјахтата на Џеф Безос
Ротердам ќе демонтира историски мост за под него да може да помине суперјахтата на американскиот милијардер Џеф Безос.
-
3 европски градови кои се предводници кон одржлива мобилност
Европските градови кои во моментов се најблиску до постигнување на нула емисии во транспортниот сектор се Осло, Амстердам и Хелсинки. Сепак, зазеленувањето треба да се забрза инаку ниту еден од градовите нема да може да ја ослободи мобилноста од загадувањето до 2030 година. Ова е заклучокот од новата студија спроведена од коалицијата на невладини организации Clean Cities Campaign.
-
Кенија тестира нови соларни панели што ќе обезбедуваат храна
Мултинационален тим од научници е подготвен да тестира нови соларни панели во Кенија, со намера да помогне во производството на електрична енергија, но и да обезбеди храна.
-
Истражување – Антарктикот бил во пламен пред 75 милиони години!
Големи шумски пожари го зафатиле Антарктикот пред 75 милиони години, во време кога диносаурусите сè уште талкале по Земјата, открива ново истражување.
-
Дали сте знаеле дека првиот програмер во историјата е всушност жена? Татко ѝ е големиот светски поет, а еден програмски јазик го носи нејзиното име
Програмирањето е едно од најпопуларните занимања на денешницата и сè побројни се оние кои се одлучуваат за оваа професија.
-
Како да препознаете оригинал и копија на Samsung полнач
Фалсификати има насекаде, а најефикасен начин да се избориме со неквалитетните копии е да научиме да ги препознаваме
-
Видео: Со „Volvo“ поминал милион милји за 30 години, награден е со нов автомобил
Иако 1,6 милиони километри изгледаат како многу, тоа е далеку од рекордот што исто така го држи едно „Volvo“, модел „P1800“ со 5,23 милиони километри.
-
Пижама одело – must have за оние кои работат од дома
Ако сакате да го поминете целиот ден во комотна и пријатна облека како што се пижамите, и со која лесно можете да одите на состаноци преку Zoom или Skype, јапонската компанија има одлично решение.
-
Netflix ја тестира функцијата TikTok на телевизорите
Netflix лансира тест кој ја носи функцијата „Fast Laughs“ на телевизорите. Вклучете се и добијте многу смешни клипови од сериите, филмовите и специјалните комедии на Netflix. Опцијата Tik Tok направена за оние кои се активни на социјалните мрежи.
-
Spotify лансира автомобилски уред за музика наречен Car Thing
Spotify за првпат го претстави својот достапен автомобилски музички уред, наречен Car Thing, за ограничен број на Premium корисници минатиот октомври и наводно имале листа на чекање за повеќе од два милиони заинтересирани купувачи. Сега, стриминг платформата го лансираше овој уред на пазарот, кој е прв хардвер на шведската компанија.
-
Дали осумчасовнaта работа е само губење на време!?
Малкумина се оние кои работејќи на некој проект активно ќе работат осум часови. Не, всушност ги нема! Тоа не е возможно, дури и да мислите дека сте работеле, верувајте мозокот и телото повремено се одмарале.
-
Toggl Track – апликација специјализирана за следење на потрошувачката на време
Toggl Track е дефинитивно една од најпопуларните апликации за следење на потрошеното време, односно за следење на работното време. Прилично е удобна за користење, не само затоа што е практично дизајнирана, туку и затоа што всушност нуди доста погодни можности.
-
Неверојатно но, вистинито - несекојдневни граници помеѓу некои држави
Иако првата асоцијација за граница помеѓу две држави ни е јасно обележана граница со бодликава жица, метална ограда, високи ѕидови и војници на стража, не се сите граници толку непријатна глетка за око.
-
Јужна Кореја инвестира милијарди долари во возила на водород
Претседателот на Јужна Кореја, Мун Џае-ин соопшти дека државата планира да вложи 1,8 милијарди долари во развој и производство на самоуправувачки возила и еколошки автомобили што ќе се движат на погон со водородни горива.
-
„Таму каде копното престанува, а почнува морето“ – до 14-ти век се сметало дека на ова место е крајот на светот
„Таму каде копното престанува, а започнува морето“, вака португалскиот поет од 16-ти век Луис да Камоес ја опеал високата карпа која се издигнува над океанот на 40-на километри северозападно од Лисабон.
-
Запознајте го островот со необичен облик по кој чекореле помалку луѓе отколку на површината од Месечината
Иако привлекува многу љубители на природата, локалните статистики наведуваат дека само девет луѓе чекореле на овој остров.
-
Италија ви дава 2.000 евра ако склучите брак во Рим - НО под еден услов!
Рим, со своите иконски и романтични локации како што се Фонтаната Ди Треви, Колосеумот и Портокаловата градина, со години е топ дестинација за свадби. Сепак, пандемијата, со сите свои ограничувања, доведе до значителен пад на бројот на свадби во главниот град на Италија, а сега Вечниот град сака да ја врати својата романтична слава со специјална кампања наречена „Од Лацио со љубов“.
-
Луѓето кои се занимаваат со овие професии најчесто не остануваат во брак!
Статистичарот Нејтан Јеј го истражувал процентот на разводите помеѓу професиите за да ја открие потенцијалната поврзаност помеѓу професијата и брачната состојба. Неговите резултати изненадиле многумина. Јеј работел со податоци од вработени кои живеат во САД. Според неговото истражување, вработените во овие професии најчесто се разведуваат.
-
Трошоците за производство на електрични возила се за 50% повисоки од оние бензинците
„Ако очекува профит, тоа е трошок кој производителот на автомобили не може целосно да го покрие или да го пренесе на клиентите“.
-
Помалку банкомати во Холандија поради кражби
Во Холандија минатата година се отстранети 879 банкомати од кои граѓаните можат да добијат готовина, а останале само 4.916, покажуваат податоците на Холандската Народна банка.
-
Работни места за парови кои сакаат да работат заедно
Можеби е тешко да најдете огласи за две работни места во ист бизнис и да бидете сигурни дека и двајцата ќе се вработите истовремено. Но, има многу други можности за оние парови кои сакаат да работат заедно. Зошто да не испланирате и заеднички бизнис? И знаете што велат, паровите кои заеднички ги плаќаат даноците, остануваат заедно!
-
Како да се мотивирате за вежбање?
Во здраво тело – здрав дух, сме го слушнале ова безброј пати, но со современото брзо темпо на живот тешко е да се натераме да направиме промени на подобро во рутината и уште потешко да најдеме мотивација за да истраеме во спроведување на тие промени.
-
Чудната старица Баба Марта: Знаете ли зошто вака се нарекува месецот март?
Колку често во животот, особено од постарите, сте го чуле изразот Баба Марта, а знаете ли всушност што значи тоа?
-
"Мрачната" страна на работата на брод
Зошто работата на брод може да биде "брутална"? Реалноста е далеку од оние фотографии со рајски плажи што ги гледаме на Фејсбук и Инстаграм...
-
НАЈСКАП ДЕСЕРТ НА СВЕТОТ; „ЗЛАТИОТ ФЕНИКС“ со години неприкосновен во елитните ресторани
Кога пред неколку години група угостители од Дубаи ѝ го претставија на светот својот најскап десерт, многумина гастрономи оценија дека неговата слава ќе трае кратко и оти рекордот за најскапа порција слатко задоволство ќе ја преземе друг претставник на неуморната угостителска конкуренција.
-
Италијански „Форест Гамп“: Пешачел 400 километри по кавга со сопругата
48- годишен Италијанец откако имал недоразбирање со својата сопруга, излегол да се смири на прошетка долга 450 километри, која траела една недела. Човекот ја напуштил својата куќа во Комо и се упатил кон југот на Италија, поминувајќи ја Болоња, за да биде запрен од полиција во градот Фано, на Јадранското крајбрежје.
-
Рачен багаж во авион – Што смеете, а што не смеете да носите?
Едно од најчесто поставуваните прашања пред тргнување на пат со авион е прашањето што смееме, а што не смееме да спакуваме во рачниот багаж?
-
Откриено е скриеното значење во иконското лого на Levi’s… дали можете да го забележите?
Брендот LEVI’S е познат по сините тексас фармерки, а логото на компанијата е препознатливо низ целиот свет.
-
Job description - Кабадаја. Услови за работа: Неограничена количина на кафе и раатлук
Ако не си бил барем еднаш кабадаја ти сигурно не си прав битолчанец.
-
Направена е првата веганска виолина во светот
Еден производител на виолини од Велика Британија неодамна успеа во нешто по што многумина копнееја, а тоа е – првата веганска виолина во светот. Тоа е нешто што ги радува не само оние што се грижат за животните и животната средина туку и воопшто љубителите на музиката.
-
Легендарната Нокиа наскоро ќе го претстави својот прв лаптоп
„Nokia“ е позната по создавањето на некои од најиздржливите телефони, а компанијата наскоро ќе дебитира на друг пазар. Првиот лаптоп на „Nokia“ ќе биде „PureBook Pro“, кој ќе има елегантен дизајн, процесор „Intel Core i3“ од 12-та генерација и прифатлива цена.
-
Зошто седењето на туѓо место во авионот е опасно по живот?
Стјуардесата на Американ Ерлајнс, Серенити Хејли, ја откри очигледната причина зошто е опасно да се менуваат седиштата во авион без предупредување на членовите на екипажот.
-
Да ти е МЕРАК да добиеш отказ во Шведска
Добивањето отказ од работното место никогаш не е пријатно искуство, но новиот трансферен систем во Шведска ветува многу повеќе отколку само враќање во стабилна положба.
-
Кралицата Елизабета лансираше парфем за кучиња со мирис на крајбрежни прошетки
Британската кралица Елизабета II, откако лансираше сопствен бренд на кечап, сега планира да создаде луксузен парфем за кучина.
-
Индиска технолошка револуција – за една година создадени половина милион работни места
Изминатата деценија беше сведок на голема дигитална трансформација, а Индија се појави како моќна сила во областа на дигиталните услуги. Технолошката индустрија таму масовно го зголеми бројот на работни места и го зајакна стартап-екосистемот. Индискиот ИТ-сектор порасна за дополнителни 30 милијарди долари минатата година и сочинува 51 отсто од извозот на услуги во Индија.
-
Заборавете на пристапните цени на новите автомобили, тие времиња поминаа
Клиентите кои се надеваа дека ќе добијат нови возила по вообичаените цени по пандемијата на коронавирус, барем според извршниот директор на AutoNation, Мајк Менли, грешат.
-
Како изгледало работното место на некои од најголемите умови во науката?
Една од познатите изреки на Ајнштај гласи: Ако преполното биро е знак за преполн ум, тогаш што е со празното биро? Ова очигледно е симпатична шега, најверојатно за да го оправда недостигот на организација на сопственото биро, но сепак има мала вистина во тоа дека начинот на кој го организираме нашето работно место може да каже многу за нас како поединци.
-
Кои знаци во хороскопот се најдобри пријатели?
Проверете дали сте меѓу нив
-
Слика која ви ги открива 5-те главни квалитети
Што прво ви паѓа в очи?
-
Зошто не се сеќаваме на ништо до нашата шеста година?
Повеќето луѓе воопшто не се сеќаваат на ништо од првите три години од животот, а многумина памтат многу малку од работите што им се случиле до седмата година.
-
Како да се ослободите од главоболката на природен начин
Мигрените можат да бидат толку болни и тешки што понекогаш нè парализираат. Сепак, симптомите на главоболка може да се ублажат, а некои и целосно да се елиминираат со овие неколку трикови.
-
Зошто сината боја е толку ретка во природата?
Ако за пример ги земеме најголемите исклучоци – морето и небото (кои технички не се сини), ретко каде ќе пронајдете сина боја во природата, во флората и фауната.
-
Кoи автомобилски бои биле најпопуларни во 2021 година?
Бојата на автомобилот е исклучително важна за некои луѓе, додека други воопшто немаат омилена и претпочитаат да плаќаат дополнително за посилен мотор или други гаџети при конфигурирање на нов автомобил.
-
Ова се петте најдобри градови за ноќен живот - на листата два градa од соседството
Интернет порталот „Simple Char“ со помош на податоци од апликацијата „OpenStreetMap“ и „TripAdvisor“ направил истражување кое треба да покаже во кои градови најдоцна се затвораат кафулињата, рестораните и ноќните клубови и каде има најдобар ноќен живот.
-
Како англискиот стана најпопуларниот јазик во светот?
Требало да се избере еден јазик што ќе го зборуваат сите луѓе, на сите меридијани и паралели, на секој агол на земјината топка. Долго време, францускиот јазик се користел за комуникација, но по 19 век и колонијалната експанзија на Велика Британија, англискиот јазик почнал да станува составен дел од сите наши животи. Денес го зборуваат преку милијарда луѓе, а го користат работници, професори, лекари, тенисери - всушност го користат сите оние кои сакаат контакт со странски земји.
-
Градот на книгите: Ориентална оаза за љубителите на книги и "арт" кујна за гурмани
Ако не можете да изберете помеѓу да останете дома под ќебе со книга во рака и возбудливи патувања во далечни земји, еве ја идеалната комбинација: Џомбочо, јапонскиот град на книги.
-
Ја исклучиле 3G мрежата, а вклучиле 5G. Промената предизвикала голем број проблеми со автомобилите!
Проблемот се јавил кај модели на популарните марки Honda, Ford... но ги погодил и најбрзите и најлуксузните (Bentley, Porsche…).
-
Бесмртност за 200.000 долари?
Во пустинската клима на Скотсдејл, Аризона, се наоѓаат 147 мозоци и тела, сите замрзнати во течен азот со цел еден ден да бидат одмрзнати.
-
Ова е земја на најсреќните луѓе на светот – задоволството им е загарантирано со устав
Сместено на источната падина на Хималаите помеѓу Кина и Индија, Кралството Бутан е познато во светот како место на кое живеат среќни луѓе.
-
Пропадна клубот на милијардери со богатство од над 200 милијарди долари
На планетата повеќе нема милијардер со богатство од над 200 милијарди долари. Последниот богаташ од клубот на милијардери со богатство од над 200 милијарди долари беше Илон Маск, но неговото богатство оваа недела се стопи за 13,3 милијарди долари. Според проценките, богатството на Маск сега изнесува 198,6 милијарди долари.
-
Дали сте знаеле дека: Балканот некогаш бил посебен континент!?
Балканадолија, како што е наречен заборавениот континент, се наоѓала меѓу Европа, Африка и Азија и била мост за населување на цицачите од азискиот на европскиот континент, тврди група научници во неодамнешна студија.
-
СЗО формираше нов центар за обука за производство на вакцини против коронавирус
Светската здравствена организација објави дека основала центар за обука во Јужна Кореја за земјите со низок и среден приход кои сакаат да произведуваат свои вакцини и лекови против коронавирус.
-
Ако живеете во Виена, можете да станете сопственик на дел од соларна централа за само 475 евра
Ако живеете во Виена, можете да станете сопственик на дел од соларната централа за само 475 евра.
-
Цукерберг развива вештачка интелигенција за да создаде виртуелни светови
Цукерберг е убеден дека „метаверзумот“, футуристичка идеја за виртуелни светови во кои корисниците можат да работат, да се дружат или да играат, ќе биде наследник на мобилниот интернет.
-
Колку го користиме НАШИОТ МОЗОК?
Мозокот претставува околу 2 проценти од телесната тежина на една личност, но користи 20 проценти од кислородот и калориите. Научниците првпат открија во 1945 година дека мозокот содржи околу 73 проценти вода. Но, главното прашање е колку проценти од мозокот човек активно користи?
-
Од каде произлегува ракувањето?
Сте се запрашале ли некогаш од каде потекнува ракувањето? Некои сметаат дека потекнува уште од антички Вавилон кога владетелот се ракувал со статуата на богот, што значело божествена размена на моќ. Почесто верување е дека потекнува од Средниот Век кога мажите се ракувале за да проверат дали носат оружје.
-
„Lufthansa“ размислува да формира нова авиокомпанија за да ги намали трошоците
Германскиот авиопревозник „Lufthansa“ ги информираше пилотите дека би можела да основа нова авиокомпанија за да ги заштеди трошоците доколку пропаднат преговорите за нов колективен договор, велат извори запознаени со ова прашање.
-
Гугл објави нови правила за враќање во канцелариja
Уште еден знак за враќање на старото нормално време: Гугл објави нови правила за враќање во канцелариите
-
„Големиот Гетсби“ инвестира во компанија за шампањ
Холивудскиот актер Леонардо ди Каприо стекнал удел во францускиот производител на шампањ Telmont, откри неговиот мнозински сопственик Remy Cointreau. Ова се случува во време кога луксузните брендови склучуваат договори со познати личности за да ја зголемат нивната атрактивност.
-
Ново тврдење на научниците: Балканадолија бил посебен континент пред 40 милиони години
Балканот и Анадолија некогаш формирале единствен континент, кој постоел пред околу 40 милиони години.
-
Колку чини замена на батеријата на електричен автомобил?
Цените на заменските батерии за електричните автомобили достигнуваат вртоглави суми. Едно е гаранција и гарантен рок, кои најчесто се до осум години или 250.000 км, но што после тоа, кога возачите се препуштени сами на себе?
-
Ако сакате да намалите со кофеин ЗАМЕНЕТЕ ГО КАФЕТО СО ОВИЕ НАПИТОЦИ
Кофеинот го подига нашето ниво на енергија и расположение, но и нивото на стрес во телото.
-
Дали знаете зошто се вели “КРОКОДИЛСКИ СОЛЗИ“? Еве какво значење има тој израз
Илјада пати сте слушнале за изразот “крокодилски солзи“. Еве зошто во народот се вели лиеш “крокодилски солзи“
-
Количка за намирници со вештачка интелигенција – спој на онлајн и офлајн шопинг искуството
Вив количките што се тестираат во Алберстонс им овозможуваат на муштериите да ги скенираат намирниците во движење, без посета на киоскот за наплата.
-
Луѓе кои доброволно не јадат и не пијат ништо со години: Овој човек е најпознатиот Бретаријанец на денешницата
Breatharianism, Breatharians – е филозофија и група луѓе кои ја следат, а се однесува на начин на живот во кој не се зема храна (понекогаш без вода). Практичарите на оваа филозофија тврдат дека живеат само на светлина или прана и дека таквата „диета“ е достапна за секого штом ќе го помине почетниот процес.
-
Листа на торент страници кои Американците сакаат да ги забранат
Кога станува збор за торент сајтовите, на врвот на листата се RARBG, RuTracker, The Pirate Bay и 1337x, но и сервисот за стриминг Popcorn Time, кој содржините ги прикажува користејќи торенти.
-
На чудна егзопланета паѓа дожд од рубини и сафири
Џиновска егзопланета оддалечена од нас 855 светлосни години има толку екстремна атмосфера што на неа се наоѓаат облаци од испарен метал и ја посеипуваат дождови од течни рубини и сафири.