Сите ние имаме работи дома, кои се чуваат со години, па дури и децении. Тие изгледаат вечни за нас, но мнозинството од нив всушност се ограничени со рок на траење, по што предметите стануваат бескорисни и веројатно дури и опасни.
10. Зачини – 2 години
Лоши вести за оние кои сакаат да собираат ретки видови на зачини! Ќе треба да ги освежите вашите резерви по 2 години, бидејќи зачините по некое време губат својства и вкус.
9. Кесички со чај – 6 месеци
Дури и во затворено и херметичко пакување, кесичките со час повеќе не се погодни за пиење по 6 месеци поради способноста на листовите да ферментираат.
8. Очила за сонце – 2 години
Ултравиолетовите зраци имаат негативен ефект врз леќите. По некое време, леќите овозможуваат да поминат повеќе зраци. Точниот рок на употреба го одредува секој производител, но препорачливо е да ги смените очилата за сонце еднаш на секои 2 години.
7. Крпи – 3 години
Освен тоа што влажните пешкири се идеално опкружување за развој на бактерии, честото перење едноставно ја уништува крпата.