Vrabotuvanje.com - Британската Кралска ковачница изработи златна пара од 10 килограми
Сподели
Tweet
Сподели
Испрати на пријател

Британската Кралска ковачница изработи златна пара од 10 килограми

Британската Кралска ковачница изработи златна пара од 10 килограми

На кованицата го има ликот на кралицата Елизабета Втора и натпис: „Ѕверовите на кралицата“. Потребни биле 400 часа, т.е. четири дена полирање, за да се направи монетата, којашто Кралската ковачница ја опиша како „величествена“.

Парата е веќе продадена, а Кралската ковачница засега не соопштува подробности за продажбата, ниту за купувачот. Се знае само дека „паричка“ со оваа големина и вложен труд и вештина, може да достигне и шестцифрена цена. Монетата е широка 20 сантиметри и е изработена со традиционални вештини, но и иновативна технологија. Апоенот има вредност од 10.000 фунти (11.500 евра).

Извор: https://opserver.mk/
 

Vrabotuvanje.com.mk користи колачиња (анг. cookies) за да ви овозможи подобро корисничко искуство. Повеќе информации можете да прочитате овде