Vrabotuvanje.com - Која е најдобрата земја за живот во 2021
Сподели
Tweet
Сподели
Испрати на пријател

Која е најдобрата земја за живот во 2021

Канада е избрана за најдобра земја во живот за светот во 2021 година, а земјите се категоризирани и избрани според степенот на подвижност, моќ, општествено одговорен бизнис, положба на жените, расна еднаквост, пренесува „U.S. News and World Report“.

Која е најдобрата земја за живот во 2021

На ранг-листата „Најдобри земји за 2021 година“ анкетирани се вкупно 17.326 лица од 36 земји во четири региони – Америка, Азија, Европа и Блискиот исток и Африка, така што 78 земји се рангирани на светската сцена.

Канада, исто така, се рангираше на првото место според квалитетот на животот и социјалната цел. Има добар пазар на труд, се грижи за човековите права и се залага за социјална правда, се смета за некорумпирана и ги почитува правата на сопственост.

Канада доби најголемо признание во областите на образование, квалитетно пензионирање, животна средина и здрав живот.

Исто така, го зазеде првото место кога станува збор за општествено одговорниот бизнис, второто место за расна еднаквост и шестото место за претприемништвото.

Извештајот се следи и објавува секоја година, а за 2020 година е избрана Швајцарија.

Според објавената листа за оваа година, покрај Канада се наоѓаат и Јапонија, Германија, Швајцарија, Австралија, САД, Нов Зеланд, Велика Британија, Шведска и Холандија.

Vrabotuvanje.com.mk користи колачиња (анг. cookies) за да ви овозможи подобро корисничко искуство. Повеќе информации можете да прочитате овде