Vrabotuvanje.com - Што сака дабиде Новак Ѓоковиќ кога ќе заврши со тениската кариера?
Сподели
Tweet
Сподели
Испрати на пријател

Што сака дабиде Новак Ѓоковиќ кога ќе заврши со тениската кариера?

Што сака дабиде Новак Ѓоковиќ кога ќе заврши со тениската кариера?

Новак Ѓоковиќ уште сега сериозно размислува за следниот чекор, односно што ќе прави по завршување на тениската кариера. Српскиот тенисер е професионалец од 2003 година и досега има освоено 18 грен слем титули како и 82 триумфи на АТП турнирите, а е и тенисерот кој највеќе недели е на чело на АТП ранг листата. Тој се гледа како ментор на помладите тенисери и смета дека со своето знаење и искуство би им бил од голема помош.

Но, освен менторството и работата со младите тенисери, Ѓоковиќ би сакал да се испроба и во уште една професија која му делува примамливо.

– Би сакал да се испробам и како коментарот. Немам некои амбиции тоа да ми би биде главна работа, но веројатно ќе бидам на некој од грен слем турнирите. Зошто да не, ќе се испробам и во оваа улога, но нема да го правам тоа постојано. Би сакал да коментирам некој меч во кој настапува тенисер од мојата држава како Хамад Меѓедовиќ кој е млад и е талент со голем потенцијал- објаснува Ѓоковиќ.

Vrabotuvanje.com.mk користи колачиња (анг. cookies) за да ви овозможи подобро корисничко искуство. Повеќе информации можете да прочитате овде