Vrabotuvanje.com - Што треба да направите за да останете на работа доколку не сакате да одите во пензија
Сподели
Tweet
Сподели
Испрати на пријател

Што треба да направите за да останете на работа доколку не сакате да одите во пензија

Доколку работникот се чуствува способен за работа, и неговото работно место нема поголем физички напор, со писмена изјава до работодавачот може да побара да му се продолжи договорот за вработување најмногу до 67 години возраст доколку со закон поинаку не е утврдено

Што треба да направите за да останете на работа доколку не сакате да одите во пензија

Во ваков случај работодавачот има обврска да го продолжи договорот до возраста за која работникот бара продолжување. На овој начин се овозможува на работникот да остане подолго на работа, секако доколку самиот оцени дека може да го продолжи својот работен век. Но истовремено се определува и временскиот период во кој треба да се даде писмената изјава од страна на работникот за продолжување на договорот за вработување.

Писмената изјава, работникот ја дава најдоцна до 31 август во годината којашто и претходи на годината во која ги исполнува условите, За секое натамошно продолжување на договорот за вработување, изјавата ја дава еднаш годишно, а најдоцна до 31 август во годината којашто и претходи на годината за која се бара продолжување на договорот за вработување

Работодавачот е должен по дадената изјава  да го продолжи договорот за вработување најмногу до 67 години возраст

Лани во Македонија  шест илјади граѓани над 64 години возраст согласно важечкото законско решение продолжиле да работат, наместо да одат во пензија и на нивно место да дојдат млади и компетентни кадри. Новото законско решение кое требаше да биде донесено предвидува продолжувањето до 67 години единствено да важи во здравството и во високото образование ако има недостиг од кадар.

За пензионирањето во приватниот сектор  е предмет на договор меѓу работник и работодавец. Доколку во реалниот сектор некој работодавец има потреба, работникот може да ја стави во мирување својата пензија и да биде ангажиран доколку сака. 

Vrabotuvanje.com.mk користи колачиња (анг. cookies) за да ви овозможи подобро корисничко искуство. Повеќе информации можете да прочитате овде