Vrabotuvanje.com - Колку пари да барате при преговори за повисока плата?
Сподели
Tweet
Сподели
Испрати на пријател

Колку пари да барате при преговори за повисока плата?

Колку пари да барате при преговори за повисока плата?

Разговорите со шефот за зголемување на платата може да бидат тешки и стресни. Значи, ако одиш да преговараш - добро подготви се. Бизнис инсајдер дава некои совети за тоа како да и се пријде на ситуацијата. Направете студија за тоа колку заработуваат луѓето кои имаат како вашето образование, искуство и вештини на други работни места и воопшто на терен.

Кога преговарате со вашиот шеф, имајте го на ум ова, но исто така запомнете дека и други фактори се исто така важни - на пример, вашата позиција во компанијата и степенот до кој ви дозволува да поставите услови. Вообичаеното правило е дека работникот може да побара раст од плата од 10 до 20%.

Поголемо количество ќе биде тешко да се постигне, и инсистирањето на тоа ќе направи да изгледате алчни. Меѓутоа, ако првичната понуда е се уште 20% повисока, можете да преговарате за најмалку уште 5%. Не плашете се да го побарате она што го заслужувате, сè додека е во согласност со трендовите на пазарот.

И не ја прифаќајте првата понуда веднаш - бидете подготвени со контра-понуда, дури и повисока од вашите очекувања. Може да се сретнете со вашиот работодавец некаде во средината, но ако горната граница е повисока тогаш средната ќе биде иста. 

Ако се уште се мислите како да преговарате и колку да побарате покаќување проветее колку заслужувате https://www.mojaplata.mk/

Vrabotuvanje.com.mk користи колачиња (анг. cookies) за да ви овозможи подобро корисничко искуство. Повеќе информации можете да прочитате овде