Vrabotuvanje.com - Кои интернет страници ги посетуваат Македонците
Сподели
Tweet
Сподели
Испрати на пријател

Кои интернет страници ги посетуваат Македонците

Кои интернет страници ги посетуваат Македонците

Граѓаните на интернет најчесто пристапуваат преку своите мобилни телефони, а најпосетувани страници се Google и YouTube. Околу 57,6% од населението во Северна Македонија или 1,2 милиони граѓани во 2020 година активно ги користеле социјалните медиуми. Најголемиот дел од нив 97,2 % за пристапување на социјалните медиуми ги користеле своите мобилни телефони, покажуваат податоците на Глобалниот дигитален извештај 2021.

Над 76% од граѓаните на возраст над 15 години во 2020 година рекле дека имаат електронска сметка од некоја банка, наспроти само 20% кои рекле дека купуваaт и плаќаат сметки преку интернет.

Според извештајот достапен на DataReportal.com, 82% или 1,71 милион луѓе користеле интернет во Северна Македонија во 2020 година, што е раст од 1,2 % во однос на 2019 година.

Најголем дел од корисниците на интернет пристапувале од своите мобилни телефони – 56,4%, наспроти 42,5% од десктоп или лаптоп компјутер. Само 1,1 % за сурфање на интернет користеле таблет уред, додека 0,04 % тоа го правеле од некоја конзола за играње.

Најмногу од граѓаните или 81% користат Android smartphone додека 18,8 % Apple. Интересно е дека Apple во изминатата година бележи раст од 31%, додека Android пад од 5% на вкупниот број на корисници во нашата земја.

Македонските граѓани во 2020 година на интернет најмногу ги посетувале Google, YouTube, Facebook, додека најчесто пребарувани поими на Google се – превод, Google, Facebook, YouTube, резултати, временска прогноза …,

Најпребарувани поими на видео платформата YouTube се Задруга, филм, ГП, Преспав и музика, а во топ 20 се и Биби, Дајте музика и Фортнајт.

извор: biznisinfo.mk

Vrabotuvanje.com.mk користи колачиња (анг. cookies) за да ви овозможи подобро корисничко искуство. Повеќе информации можете да прочитате овде