Vrabotuvanje.com - Паретов принцип што ќе ви помогне да заштедите пари
Сподели
Tweet
Сподели
Испрати на пријател

Паретов принцип што ќе ви помогне да заштедите пари

Паретов принцип што ќе ви помогне да заштедите пари

Сите сакаме да заштедиме, а како да го сториме тоа, како да ги планираме приходите и дали платата е доволна за да ги покрие потребите и желбите, би можело да се искористи формулата за заштеда 80/20, дизајнирана според таканаречениот Паретов принцип (Pareto principle).

Методот Парето првпат го открил италијанскиот економист Вилфредо Парето во 1897 година, докажувајќи дека работите функционираат на неизбалансиран, но математички изразен начин.

Предлогот е следен: Правилото е да заштедиме 20 % од нето приходот, а потоа да го потрошиме остатокот (50 % за она што ни е неопходно, плус 30% за она што го сакаме, а сето тоа задно да прави 80 % од потрошувачката). Ако надминеме 80 % од потребното и она што го сакаме, се смета дека трошиме повеќе отколку што можеме да си дозволиме и тоа може да биде причина за задолжување.

Како да се примени формулата за заштеда на пари?

Еден од советите е да го прилагодите сопствениот животен стил, да пронајдете рамнотежа помеѓу трошењето и заштедата и да се грижите за иднината. Парето принципот подразбира дека е многу важно правилно да се дефинираат потребите и желбите.

Важно правило е да бидете отпорни на неуспеси, и можеби нема да функционира за секого, бидејќи луѓето имаат различни начини на живот, трошење и заштеда, цели, расположенија и нивоа на приход.

За некои, формулата за заштеда 80/20 може да биде предизвик. Важно е да се обидете, но и да вежбате. Вежбањето е важно за секого, вклучително и ова за да бидете поуспешни во управувањето со финансиите и така што на крајот, вложувањето и отплатата на сите долгови ќе биде полесно, како и заштедите.

извор: biznisinfo.mk

 

Vrabotuvanje.com.mk користи колачиња (анг. cookies) за да ви овозможи подобро корисничко искуство. Повеќе информации можете да прочитате овде