Vrabotuvanje.com - Најскапата, но и најпопуларната плажа во Црна Гора - еве како изгледа
Сподели
Tweet
Сподели
Испрати на пријател

Најскапата, но и најпопуларната плажа во Црна Гора - еве како изгледа

Кристалното чисто море, зеленилото кое прави сенка, песокот под стапалата...

Најскапата, но и најпопуларната плажа во Црна Гора - еве како изгледа

Плажата Син Хоризонт во Тиват оваа сезона судејќи по сè ќе биде најпопуларна во Црна Гора.

Но, освен поради природните убавини, за Синиот хоризонт сè повеќе се зборува и поради цените на кои туристите не навикнале, пренесува српски „Телеграф“. 

Туристите кои до Синиот хоризонт одат со автомобили треба да пресметаат дека за паркинг ќе им бидат потребни 3 евра.

Исто толку чини и лименка на било каков газиран пијалак, односно сок во барот на плажата, додека пак коктелите чинат 8 евра.

Додека во поголемиот дел од црногорските летувалишта изнајмување на две лежалки со чадор е 10 евра, на Синиот хоризонт тоа чини 15 евра.

Доколку се упатите до таму рано наутро, без да сте појадувале, може да јадете во ресторанот кој се наоѓа на плажата.

Омлет, цеден сок од портокал и кафе чинат 20 евра.

На влегување на плажата јасно е назначено дека е забрането внесување на храна и пијалаци, па доколку сакате да поминете еден ден таму ќе ви бидат потребни околу 50-на евра. 

Извор: tocka.mk

Vrabotuvanje.com.mk користи колачиња (анг. cookies) за да ви овозможи подобро корисничко искуство. Повеќе информации можете да прочитате овде