Vrabotuvanje.com - 5 митови за сончањето
Сподели
Tweet
Сподели
Испрати на пријател

5 митови за сончањето

Овие пет митови за сончањето и последиците од сончањето е важно да се побијат и да се поработи на дополнителната внимателност.

5 митови за сончањето

Изгорениците од сонце не се само болни, тие можат сериозно да му штетат на здравјето. Она поради кое тие се јавуваат најчесто е поради потценувањето на силата на сонцето. Овие пет митови за сончањето и последиците од сончањето е важно да се побијат и да се поработи на дополнителната внимателност.

МИТ 1: ВО ЛАДОВИНА НЕ МОЖЕ ДА СЕ ИЗГОРИ

Дури и кога сте под чадор или некое поголемо дрво, УВ-зрачењето се рефлектира од најблиските површини и доаѓа до вас. Затоа е важно да се нанесува заштитен фактор и кога сте во ладовина, а кога навистина сакате да ја одморите кожата од сончање, заминете во затворен простор. Секако, обидете се да одбегнувате сончање во средина од денот, кога сончевото зрачење е посебно силно.

МИТ 2: НЕ МОЖЕТЕ ДА СЕ ИЗГОРИ КОГА Е ОБЛАЧНО

Не само што можете да изгорите кога е облачно, туку можете и да се здобиете со најлоши изгореници, бидејќи УВ-зрачењето е најинтензивно кога има облаци. Затоа, немојте да го прескокнувате нанесувањето на заштитен фактор на секои два часа дури и кога не гледате сонце.

МИТ 3: СО ПОТЕМЕН ТЕН НЕ МОЖЕ ДА СЕ ИЗГОРИ НА СОНЦЕ

Сечија кожа е поинаква и секоја има свој начин на заштита од УВ-зрачењето. Иако вие можеби мислите дека сте безбедни затоа што не поцрвенувате туку само потемнувате, верувајте дека не сте во право. Иако потемната кожа поретко заболува од меланом, таа е речиси подеднакво оштетена како и онаа со посветол тен, која гори штом ќе биде изложена на сонце.

МИТ 4: АКО ЕДНАШ СЕ НАНЕСЕ КРЕМА СО ВИСОК ЗАШТИТЕН ФАКТОР, НЕ МОРА ДА СЕ ПОВТОРУВА НАНЕСУВАЊЕТО

Ниту една крема во светот не може да ви ја заштити кожата во целост. Дури и ако нанесувате заштитен фактор 50, мора да го нанесувате на секои два часа ако сте под постојано влијание на сончевите зраци.

МИТ 5: РАК НА КОЖА НЕ МОЖЕ ДА СЕ СЛУЧИ

Ракот на кожа може секому да му се случи, па за жал и вам. Овој облик на рак е еден од најчестите и може да се појави било каде, бидејќи кожата навистина  ја помни направената штета. Според статистиките, еден од петмина во некој период од животот заболува од рак на кожата и тоа најчесто поради пречесто изложување на УВ-зраците.

Извор: novalek.mk

Vrabotuvanje.com.mk користи колачиња (анг. cookies) за да ви овозможи подобро корисничко искуство. Повеќе информации можете да прочитате овде