Vrabotuvanje.com - Што и треба на косата во лето?
Сподели
Tweet
Сподели
Испрати на пријател

Што и треба на косата во лето?

Еве што треба да се направи за да остане здрава, негувана и убава.

Што и треба на косата во лето?

Во лето косата е изложена на сонце, сол и хлор. Еве што треба да се направи за да остане здрава, негувана и убава.

ПОТРЕБЕН Е ЧЕШЕЛ СО ШИРОКИ ЗАПЦИ

Во лето косата често е мокра – честопати доаѓате во искушение да ја исчешлате додека е мокра. Сепак, најомилената четка сега не е најдобриот резултат – кога косата е мокра, тогаш е најслаба. Чешелот со широки запци е најнежниот алат за расчешлување на мократа коса – ако го немате, задолжително набавете го.

ЗАБОРАВЕТЕ НА ПЕГЛИТЕ И ФИГАРАТА

На косата и онака и е жешко, а замислете уште да ја загревате со пегла. Опуштете се – ова лето во тренд се брзи и едноставни фризури: природни бранови или високо заврзано опавче се win-win ситуација, и тренди и едноставно.

ОТКРИЈТЕ ГИ МАСЛАТА

Маслата ќе и ја вратат на косата која била изложена на сонце, хлор и морска сол влагата. Со само неколку капки ќе постигнете ефект на сјајна, негувана коса, а маслата ќе ја заштитат.

МАСКАТА Е ЗАДОЛЖИТЕЛНА

Барем еднаш седмично нанесувајте маска за коса. Тоа ќе ја направи посилна и помазна. Напомена: ако косата ви е обоена, не ја оставајте маската да делува подолго од 10 минути, бидејќи по истекот на ова време маската може да ги уништи молекулите боја.

СТИЛИЗИРАЈТЕ СЕ СО ПЕНА

Ако сакате да постигнете ефект на летни бранови, тогаш ви треба добра пена за коса. Таа нема да ја отежнува фризурата и полесно ќе постигнете ефект на летни бранови. Користете ја пред сушење со фен или, уште подобро, нанесете ја на влажна коса и оставете природно да се исуши.

ЗАШТИТЕТЕ ЈА ОД СОНЦЕ

Носете шапки, капи, но и препарати со УВ – заштита.  Денес, постојат голем број препарати за коса кои се наменети токму за лето и содржат СП фактор, па ќе помогне косата да не ви се исуши и бојата да не избледи на сонце.

Извор: novalek.mk 

Vrabotuvanje.com.mk користи колачиња (анг. cookies) за да ви овозможи подобро корисничко искуство. Повеќе информации можете да прочитате овде