Vrabotuvanje.com - Добри односи со колегите: Слушајте ги!
Сподели
Tweet
Сподели
Испрати на пријател

Добри односи со колегите: Слушајте ги!

Добри односи со колегите: Слушајте ги!

За да развиете добри односи со колегите, потребно е доста време и напор. Но, целиот ваш труд многу ќе ви се исплати, бидејќи тоа се личностите со кои поминувате осум или повеќе саати дневно.

Она што можете да го направите:

Слушајте

Во поплавата од важни задачи и проекти, често го игнорираме моментот кога треба да ги слушаме оние околу нас. Можеби вашиот колега има одлична идеја, за која вие никогаш нема да дознаете, бидејќи немате време да го слушнете што зборува.

Доверба

Како и во романтичните врски и пријателствата, така и во односот со колегите -довербата е многу важна. Ако покажете дека на некого му верувате, тој ќе сака да ја оправда довербата, а тоа ќе ја зајакне вашата врска.

Решавање на проблемите

Ако имате некои проблеми или несогласувања со колегите, решете ги веднаш штом се појават. Не чекајте, одолговлекувајте, решете ги во првиот момент за да не прераснат во кавга.

Vrabotuvanje.com.mk користи колачиња (анг. cookies) за да ви овозможи подобро корисничко искуство. Повеќе информации можете да прочитате овде