Vrabotuvanje.com - Зошто ни се спие кога врне?
Сподели
Tweet
Сподели
Испрати на пријател

Зошто ни се спие кога врне?

Зошто ни се спие кога врне?

Серотонин е хормон кој е одговорен за добро расположение, енергија и чувство на среќа. Ако денот е врнежлив, има малку дневна светлина, па телото лачи помалку серотонин, што нас нѐ прави потроми и попоспани од вообичаенo.

Самиот звук на дожд има влијание врз сонот. Многу луѓе тврдат дека подобро спијат во врнежливи денови и ноќи, иако на прв поглед би се очекувало спротивното. Во текот на еволуцијата, луѓето научиле да ги толкуваат изненадните и гласни звуци како опасност, па затоа гласните аларми успешно нѐ будат. Ако звукот е тивок или умерено јак и изедначен (како врнење дожд), според истражувачите од Државниот универзитет на Пенсилванија во САД, нашиот мозок го толкува како некој да му повторува дека сѐ е во ред. Покрај тоа, овој успокојувачки шум ги „покрива“ помалку пријатните звуци што би нѐ вознемириле или расониле.

Vrabotuvanje.com.mk користи колачиња (анг. cookies) за да ви овозможи подобро корисничко искуство. Повеќе информации можете да прочитате овде