Vrabotuvanje.com - Голем пад на Биткоинот – вредноста под 30.000 долари
Сподели
Tweet
Сподели
Испрати на пријател

Голем пад на Биткоинот – вредноста под 30.000 долари

Голем пад на Биткоинот – вредноста под 30.000 долари

Вредноста на биткоинот денеска се намали под 30.000 долари, првпат од 22. јуни, повлекувајќи со себе и други дигитални валути.

Биткоинот забележа пад за повеќе од шест проценти, достигнувајќи 29.998 долари, етерот се намали за речиси девет проценти, додека XRP се намали за околу 10 проценти, според податоците од платформата КоинДеск.

Падот на биткоинот се случи по големата распродажба на глобалните берзи.

Од средината на април годинава, кога достигна вредност од речиси 65.000 американски долари, биткоинот падна за повеќе од 50 проценти.

– Со неодамнешното ослабување на биткоинот, ова само дополнително го намали крипто пазарот, истакна Анабел Хуанг, партнер во компанијата „Амбер груп“ за финансиски услуги во тргување со криптовалути.

 
 

Vrabotuvanje.com.mk користи колачиња (анг. cookies) за да ви овозможи подобро корисничко искуство. Повеќе информации можете да прочитате овде