Vrabotuvanje.com - „Порше“ вложува 63 милиони евра во нова германска вселенска агенција
Сподели
Tweet
Сподели
Испрати на пријател

„Порше“ вложува 63 милиони евра во нова германска вселенска агенција

САД – Автомобилската компанија „Порше аутомобил холдинг СЕ“, која меѓу другото ја контролира и „Фолксваген групацијата“, е најновиот голем инвеститор којшто се стреми кон улога во вселенската трка, преку развој на ракети и на технологиите на иднината.

„Порше“ вложува 63 милиони евра во нова германска вселенска агенција

Компанијата, која е во мнозинска сопственост на семејството Порше-Пих од 1931 година, најави инвестиција во германската „Исар аероспејс“ – нова вселенска агенција која ќе се обиде да ги следи актуелните играчи во оваа област – „Блу ориџин“, сопственост на Џеф Безос, „Спејс-икс“ на Илон Маск и „Вирџин галактик“ на Ричард Бренсон.

„Порше“ за почеток, ќе вложи околу 63 милиони евра во новиот проект, покрај компанијата „ХВ капитал“ и швајцарската банка „Ломбар Одије“, како дел од финансискиот вкупен влог од 140 милиони евра досега. 

Vrabotuvanje.com.mk користи колачиња (анг. cookies) за да ви овозможи подобро корисничко искуство. Повеќе информации можете да прочитате овде