Vrabotuvanje.com - Си-ен-ен отпушти тројца вработени бидејќи доаѓале на работа невакцинирани
Сподели
Tweet
Сподели
Испрати на пријател

Си-ен-ен отпушти тројца вработени бидејќи доаѓале на работа невакцинирани

На вработените пред извесно време им било испратено писмо во кое се наведува дека вакцините се задолжителни за сите – и за тие во канцеларија и за тие на терен, а тројцата отпуштени се смета дека ја прекршиле политиката на куќата

Си-ен-ен отпушти тројца вработени бидејќи доаѓале на работа невакцинирани

Американската медиумска куќа Си -ен -ен отпушти тројца работници кои дошле на работа невакцинирани против ковид, со што ја прекршиле политиката на компанијата.

„Да бидам појасен, имаме политика за нулта толеранција по ова прашање“, напиша уредникот на Си-ен-ен, Џеф Зукер на Твитер, додавајќи дека на вработените им било испратено писмо во кое се наведува дека вакцините се задолжителни за сите – и за тие во канцеларија и за тие на терен.

Повеќе од една третина од работниците на Си-ен-ен доброволно се вратија во редакцијата, а колективното враќање е одложено од 7 септември до средината на октомври.

Во некои редакции, ќе биде задолжително носење маска кога луѓето не јадат или не пијат.

Слични одлуки донесоа и други американски медиуми.

Администрацијата на американскиот претседател Џо Бајден пред два дена ги најави првите чекори кон донесување мерка според која сите странски посетители во САД мора да бидат вакцинирани против коронавирусот.

Официјален претставник на Белата куќа изјави дека условот ќе биде дел од постепено административно олеснување на ограничувањата за патување за странски државјани кои доаѓаат во САД, за што не е одредена временска рамка, но сите, со некои ограничени исклучоци, се очекува да треба да се вакцинираат против Ковид-19.

Vrabotuvanje.com.mk користи колачиња (анг. cookies) за да ви овозможи подобро корисничко искуство. Повеќе информации можете да прочитате овде