Vrabotuvanje.com - Дали знаете зошто се вели „тропаш како Максим по дивизија “ ?
Сподели
Tweet
Сподели
Испрати на пријател

Дали знаете зошто се вели „тропаш како Максим по дивизија “ ?

Дали знаете зошто се вели „тропаш како Максим по дивизија “ ?

Ако некогаш некој ви рече „тропаш како Максим по дивизија “, дали, покрај тоа што се смеете или навредувате, сте се запрашале кој е тој Максим и што всушност значи оваа фраза?

Максим е тип на митралез кој бил измислен од Стивенс Максим и се користел од страна на британската експедиција во Африка, а потоа и во Првата светска војна. Бил тежок и гломазен (27,2) и исфрлал неколку стотици куршуми во минута (500), произведувал голема бука што наликувала на "тропање". Оваа фраза се употребува како кус коментар за некој што „тропа“ особено за лица што се претставуваат како универзални сезнајковци, а, всушност, за ниту една од темите за кои дебатираат немаат елементарно знаење.

Кога некој ќе каже нешто бесмислено или размислува за нешто за што малку знае, зборува многу, а всушност ништо не кажува, обично се вели дека тој „тропа како Максим по дивизија“

Иако Максим навистина постоел, оваа фраза не се однесува на него, туку на неговиот изум. Хирам Стивенс Максим е конструктор на митралезот од (1884), користен во Првата светска војна .

За тоа колку силно „тропал“ Максим сведочи фактот што неговиот изум лично го платил данокот на таа врева додека го кунструирал и ги проверувал перформансите на оружјето, па староста ја дочекал целосно глув.

Vrabotuvanje.com.mk користи колачиња (анг. cookies) за да ви овозможи подобро корисничко искуство. Повеќе информации можете да прочитате овде