Vrabotuvanje.com - Цените во Германија највисоки во последните 27 години
Сподели
Tweet
Сподели
Испрати на пријател

Цените во Германија највисоки во последните 27 години

Цените во Германија највисоки во последните 27 години

Потрошувачките цени во Германија во јули се зголемија најмногу во последните 27 години, објави Дестатис, посочувајќи на зголемените цени на енергијата, но и ниската споредбена основа од минатата година, кога стапката на ДДВ беше привремено намалена поради пандемијата.

Цените скокнаа за 3,8 проценти минатиот месец во споредба со јули 2020 година, што е нивниот најголем пораст од крајот на 1993 година, објави во средата статистичката служба. Порастот во јуни изнесуваше 2,3 отсто.

Поради привремено намалување на стапката на ДДВ, цените нагло опаднаа во јули минатата година, што оваа година, по повеќекратното зголемување на данокот на додадена вредност, резултираше со повисоки цени на многу стоки и услуги и со тоа повисока стапка на инфлација, објаснува Евростат.

Vrabotuvanje.com.mk користи колачиња (анг. cookies) за да ви овозможи подобро корисничко искуство. Повеќе информации можете да прочитате овде