Vrabotuvanje.com - Пекабеско со донација на прехранбени производи за граѓаните погодени од пожарите
Сподели
Tweet
Сподели
Испрати на пријател

Пекабеско со донација на прехранбени производи за граѓаните погодени од пожарите

Со ова Пекабеско се приклучи на големиот број општествено одговорни компании, организации и хумани граѓани кои пружаат несебична поддршка на оние на кои во моментов им е најпотребна помош

Пекабеско со донација на прехранбени производи за граѓаните погодени од пожарите

„Наша обврска како компанија е да помогнеме во вакви тешки моменти за нашите сограѓани. Коронакризата, но и ваквите елементарни непогоди секогаш треба да не потсетуваат дека поддршката и солидарноста во вакви времиња се повеќе од неопходни. Грижата за заедницата подразбира несебичност во најтешки моменти. Токму затоа, и овојпат би сакал да ги повикам и охрабрам сите наши партнерски компании да го следат ваквиот пример и во рамки на своите можности да склучат партнерства за поддршка на хуманитарните организации како што е Црвениот Крст. Само на ваков начин ја поддржуваме нивната мисија, а даваме поттик и признание за илјадниците волонтери кои се на првите линии на фронтот помагајќи при вакви елементарни непогоди“, истакна Првиот Извршен Директор на Пекабеско, Слободан Кутревски.

Пожарите предизвикаа голема материјална штета и загрозуваат голем број на луѓе, поради што е добредојдена секаква помош, велат од Црвениот Крст. Нивните тимови се постојано на терен со цел поддршка во справувањето со состојбите во опожарените предели. Тие постојано обезбедуваат и прехранбени производи и вода за најзагрозените лица и семејства кои беа зафатени од овогодинешната огнена стихија.

Пекабеско“ со донација на прехранбени производи за граѓаните погодени од  пожарите

Инаку, Пекабеско e долгогодишен партнер на Црвениот крст, а покрај донација на пакети со храна за најзагрозени семејства, реализира и годишна соработка за поддршка на Пунктот за бездомници на Црвениот Крст на Градот Скопје преку донација на производи. Исто така, во текот на минатата година, компанијата донираше и 7 тони храна како поддршка за семејствата кои беа најпогодени од кризата предизвикана од Ковид-19, а Пекабеско е дел и дава поддршка на голем број хуманитарни и општествено-одговорни акции организирани од различни организации.

Во моментов Пекабеско ВРАБОТУВА КАНДИДАТИ НА ПОВЕЌЕ ПОЗИЦИИ. Ова се активните огласи:

Заменик раководител на магацин
нето плата 25.000,00 ден + топол оброк и превоз

линк за повеќе детали и аплицирање

Возачи на товарни возила - камион - 2 кандидати
вкупни примања до  40.000,00   денари

линк за повеќе детали и аплицирање

Вилушкарист
вкупни примања 25.000,00 ден, плус храна и превоз

линк за повеќе детали и аплицирање

Работник за одржување на апарати под притисок
вкупни примања до 30.000,00 ден, плус топол оброк и превоз

линк за повеќе детали и аплицирање

Магацински работници - 4 кандидати
вкупни примања до 25.000,00 ден и плус храна и превоз

линк за повеќе детали и аплицирање

извор: iportal.mk

Vrabotuvanje.com.mk користи колачиња (анг. cookies) за да ви овозможи подобро корисничко искуство. Повеќе информации можете да прочитате овде