Vrabotuvanje.com - Меркел наскоро ќе се повлече од функцијата, колкава пензија ќе зема?
Сподели
Tweet
Сподели
Испрати на пријател

Меркел наскоро ќе се повлече од функцијата, колкава пензија ќе зема?

Меркел наскоро ќе се повлече од функцијата, колкава пензија ќе зема?

Според проценките на Германската асоцијација на даночни обврзници, германската канцеларка Ангела Меркел ќе добива месечна пензија од речиси 15.000 евра откако ќе се повлече од функцијата. Шеесет и седумгодишната Меркел ќе се пензионира по парламентарните избори во септември. Пресметките се базираат на нејзиниот долг престој во Бундестагот, како и годините во кои била федерален министер и канцелар.

Како и сите поранешни германски претседатели и канцелари, така и Меркел ќе има право на своја канцеларија кога ќе ја напушти функцијата.Таа исто така ќе добие средства за менаџер на канцеларија, двајца асистенти, дактилограф и личен возач, пренес ДПА.

извор: 24info.mk

Vrabotuvanje.com.mk користи колачиња (анг. cookies) за да ви овозможи подобро корисничко искуство. Повеќе информации можете да прочитате овде