Vrabotuvanje.com - Како да го разладите пијалокот кога немате време и коцки мраз во домот?
Сподели
Tweet
Сподели
Испрати на пријател

Како да го разладите пијалокот кога немате време и коцки мраз во домот?

Како да го разладите пијалокот кога немате време и коцки мраз во домот?

Секој од нас се нашол во ситуација барем еднаш во животот да нема доволно време или пак коцки мраз во домот со што би го разладил пијалокот кој по грешка останал на полиците наместо да го ставите во фрижидер. Не очајувајте, следниот пат само запаметете ги овие неколку трикови и никогаш повеќе нема да треба да се засрамите пред гостите кои решиле ненадејно да дојдат во вашиот дом.

Еве неколку совети од Дан Маршал, автор на книгата „Животни трикови, работи кои ќе ви го направат животот полесен“:

Првиот трик е едноставен – натопете пешкир во вода и во него ставете го пијалото, а потоа во замрзнувач. За околу 15 минути пијалокот ќе биде освежувачки ладен.

Вториот трик е уште поедноставен: замрзнете неколку зрна грозје и ставите ги во чашата со пијалок. Кога ќе се одмрзне грозјето, нема да се стопи и да го разводни пијалокот.

Ваше е само да уживате!

Vrabotuvanje.com.mk користи колачиња (анг. cookies) за да ви овозможи подобро корисничко искуство. Повеќе информации можете да прочитате овде