Vrabotuvanje.com - Нов тренд во светот: Масовно тетовирање на потврдата за Ковид
Сподели
Tweet
Сподели
Испрати на пријател

Нов тренд во светот: Масовно тетовирање на потврдата за Ковид

Нов тренд во светот: Масовно тетовирање на потврдата за Ковид

Во Италија зелениот картон е задолжителен за влез во ресторани, кафулиња, музеи, театри, базени, бањи, кина, па дури и концерти на отворено, па 22-годишниот Андреа Колонета одлучил секогаш да го има при рака, па го истетовирал QR кодот на раката.

Младиот Андреа Колонета живее во Реџо Калабрија, и како што вели, идејата да го „нацрта“ својот зелен картон трајно на неговата рака, дошла по разговор со неговата тату уметничка, Габриел Пелероне, која го довела делото до совршенство и читачот на QR кодови непогрешливо го препознава. Некои велат дека ова е прилично бизарен, но и многу 'паметен' начин да избегнете ситуации кога немате доказ дека сте вакцинирани. Родителите на Андреа исто така биле изненадени, иако ова не е негова прва тетоважа.

Татко ми дозна за мојата намера на социјалните мрежи. Се разбира, тој ме советуваше да не бидам толку импулсивен и да размислувам малку подобро за своите постапки“, вели Андреа Колонета.

Тој признава дека станал многу популарен на Инстаграм и Тик Ток поради тетоважата, но дека не очекувал дека оваа тетоважа ќе се раши толку брзо на социјалните мрежи. „На многу мои пријатели им се допадна тетоважата, иако имаше и такви што ме навредуваа“, додава Андреа.

Накратко, Андреа треба само да ја крене раката за да влезе во клуб.

Vrabotuvanje.com.mk користи колачиња (анг. cookies) за да ви овозможи подобро корисничко искуство. Повеќе информации можете да прочитате овде