Vrabotuvanje.com - Одлична можност за работа во банка - изградете ја Вашата кариера во ProCredit Bank
Сподели
Tweet
Сподели
Испрати на пријател

Одлична можност за работа во банка - изградете ја Вашата кариера во ProCredit Bank

Одлична можност за работа во банка - изградете ја Вашата кариера во ProCredit Bank

Според многи истражувања да се биде банкар е една од најпосакуваните професии. А името на професијата пак, доаѓа од италијанскиот збор banco - „маса“, и банкар - „човекот кој работи на масата“

Оваа професија е погодна за оние кои сакаат да направат брза кариера. Во присуство на знаење и упорност, можно е брзо да се достигне врвот. Треба да се има предвид дека колку е повисока позицијата, толку е поголема заработката но и одговорноста.

Оној што ја избрал професијата банкар, мора да биде подготвен за динамичен работен ден и голем обем на работа. Во основа, тој треба да им служи на клиентите, да управува со вработените, да се консултира и да собира статистика, предвидувања. Исто така, вработениот во банката е должен да го брани својот имиџ. За да станете професионален банкарски експерт, потребно е да бидете внимателен, иницијативен, одговорен, дисциплиниран, трпелив и прецизен. Важно е да ги следите иновациите во банкарството и постојано да се развивате, да совладувате нови знаења. Добриот професионалец е во состојба брзо да ги преземе вистинските решенија дури и во стресна ситуација. Банкарот мора да поседува вештини по кои ќе биде препознатлив и претставителен а како личност да биде Човекот кој ќе влева доверба. 

На нашата страна www.vrabotuvanje.com.mk може да ги најдете сите огласи поврзани со оваа професија. А овој пат ви ги претставуваме овие на Прокредит Бака со плус неколку корисни совети: 

Водењето бизнис со банкарство е одлично за луѓе заинтересирани за лични финансии и бизнис. Обично, банките нудат добри предности, можности за напредување и различни позиции што вклучуваат улоги на клиенти и аналитички обврски.

Ако ви се допаѓа идејата да работите во канцелариска средина и да работите со бројки, ПРОКРЕДИТ БАНКА има отворени работни позиции за Вас:

Советник за клиенти - правни лица во експозитура Скопје , Линк за повеќе детали и аплицирање

Кредитен аналитичар во Централната Управа во Скопје , Линк за повеќе детали и аплицирање

Supervisory reporting specialist (m/w) , Линк за повеќе детали и аплицирање

Junior know your customer (KYC) Specialist (m/w) , Линк за повеќе детали и аплицирање

Ве очекуваме !

 

Vrabotuvanje.com.mk користи колачиња (анг. cookies) за да ви овозможи подобро корисничко искуство. Повеќе информации можете да прочитате овде